Ботаничката градина Логан — ботаничка градина што се наоѓа во близина на Порт Логан во регионот Галовеј, на југозападниот врв на Шкотска. Со неа управува Кралската ботаничка градина Единбург како дел од нејзината „Жива колекција“, а градината е опишана како „најегзотичната градина во Шкотска“.
Градината се граничи со имотот Логан и куќа од категорија А, кои остануваат во приватна сопственост.
Историја Градината била основана во 1869 г., а во 1969 г. била подарена на Кралската ботаничка градина Единбург. Градините се изградени околу урнатините на замокот Балзиланд.
Во 2014 г. бил изграден нов стакленик, направен како викторијанска зимска градина. Ова е првата јавна стаклена градина во Обединетото Кралство што целосно се загрева со обновливи извори на енергија (соларни панели и топлински пумпи).
Местоположба Областа има блага клима поради влијанието на северноатлантската и голфската струја. Ова овозможува одгледување растенија од Чиле, Виетнам, Австралија и Нов Зеланд, кои вообичаено не би преживеале на отворено во Шкотска.
Колекции Ботаничката градина Логан има околу 2.500 вида, вклучувајќи 120 загрозени вида. Значајни се: Палми: Авенија со Trachycarpus fortunei (чусански палми). Национални колекции: Gunnera, Griselinia и Leptospermum. Реткости: Wollemia (невообичаена за Европа), родот Rhododendron (вклучувајќи го изумрениот во дивината Rhododendron kanehirai), и Puya alpestris, која цветала на отворено во 2024 г.
Наводи
Категорија:Ботанички градини во Шкотска Категорија:Ботанички градини во Обединетото Кралство