мини|Болничкиот брод USNS Mercy на морнарицата на Соединетите Американски Држави
Втора Женевска конвенција за подобрување на положбата на ранети, болни и бродоломци во вооружените сили на море (), почесто нарекувана Втора Женевска конвенција или Женевска конвенција II и скратено како ЖКII — еден од четирите договори на Женевските конвенции од 1949 година. Првпат била усвоена во 1949 година, заменувајќи ја Хашката конвенција (X) од 1907 година Го прилагодува главниот заштитен режим на Првата Женевска конвенција за борба на море.
Резиме на одредбите
]] Женевската конвенција II е долг документ кој се состои од 63 члена. Најважните одредби од договорот се:
Членовите 12 и 18 бараат од сите страни да ги заштитат и да се грижат за ранетите, болните и бродоломците. Член 14 појаснува дека иако воен брод не може да го зароби медицинскиот персонал на болничкиот брод, може да ги држи ранетите, болните и бродоломачените како воени заробеници. Член 21 дозволува да се упатуваат апели до неутрални бродови за помош при собирање и грижа за ранетите, болните и бродоломачените. Неутралните бродови не можат да бидат заробени. Членовите 36 и 37 го штитат верскиот и медицинскиот персонал што служи на борбен брод. Член 22 наведува дека болничките бродови не можат да се употребуваат за никаква воена цел и, поради нивната хуманитарна мисија, тие не можат да бидат нападнати или заробени.
За детална расправа за секој член од договорот, погледнете го оригиналниот текст и коментарот. Денес 196 земји се потписнички на Женевските конвенции од 1949 година, вклучувајќи го и овој втор договор, но и останатите три.
Наводи
Надворешни врски
Final Act of the Second Peace Conference, The Hague, 18 October 1907
2 Категорија:Договори на Југославија Категорија:Договори на САД Категорија:Договори на Обединетото Кралство Категорија:Договори на Турција Категорија:Договори на Шведска Категорија:Договори на Советскиот Сојуз Категорија:Договори на Норвешка Категорија:Договори на Холандија Категорија:Договори на Македонија Категорија:Договори на Луксембург Категорија:Договори на Јапонија Категорија:Договори на Италија Категорија:Договори на Грузија Категорија:Договори на Данска Категорија:Договори на Белгија Категорија:Договори на Австрија Категорија:Договори на Ерменија