Историјата на правата на жените во Македонија — долготрајна борба помеѓу вкоренетите патријархални норми и стремежот за еманципација, која поминала низ драстични трансформации од времето на Османлиското Царство, преку социјалистичка Југославија, па сè до денешната независна држава.
Историја Отомански период
Во рамките на Отоманското Царство, статусот на жената бил дефиниран со комбинација на шеријатското право и султанските кануни. Иако законски на жените им била гарантирана одредена деловна способност и право на имот, тие биле во голема мера подредени во приватноста на домот, каде властите ретко интервенирале.
Правни и наследни права: Според отоманските норми, мажите имале право на двојно поголемо наследство во споредба со жените. Сепак, жените имале право да поседуваат и управуваат со свој имот, право на развод под одредени услови и право на издршка (алиментација). Социјални ограничувања: Општеството било строго поделено по пол, а жените биле главно отсутни од политичката сфера бидејќи државата ставала акцент на воената моќ, која се сметала за машка сфера. Во некои периоди биле наметнувани и строги правила за облекување. Почетоци на организиран отпор: Кон крајот на XIX век, македонските учителки станале носителки на просветувањето на жените. Првите женски друштва, како „Успение Богородично“ во Охрид (1885), иако формално биле хуманитарни, служеле како центри за описменување и револуционерна агитација. Значајна фигура од овој период е Роса Плавева,Vera Veskovic - Vangeli in Francisca de Haan, Krassimira Daskalova, Anna Loutfi (eds.) "A Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms Central, Eastern, and South Eastern Europe, 19th and 20th Centuries", CEU, 2006, pp. 441-443. која уште во 1907 година организирала конференции против зарот и фереџето и се борела за еднакви права со мажите.
Револуционерен период Долго време подвизите на жената како ајдутка и анонимен борец честопати преточени во легендите и народната песна, не станале доволно силен аргумент да ја извлечат жената од патријалхалните норми негувани во феудалното општество, кои долго егзистирале во Македонија. Во текот на 19 век, многу мал број жени индивидуално и осамено работеле на еманципацијата и борбата за рамноправност. Нивните напори и борбата за рамноправност да бидат прифатени од напредните општествени сили, се реализирале во периодот на подготовките за Илинденското востание. Имено, водачите и идеолозите ТМОРО, спознавајќи ги револуционерните вредности на жената, ја прифатиле нејзината борба и ја интегрирале во националното револуционерно движење. Со тоа започнал процесот на преобразба на личноста на жената од домаќинка во борец за заштита на интегритетот на жената поттикнувајќи ги жените особено оние образованите да го напуштат традиционалниот став на набљудувач и активно да се вклучат во борбата за ослободување.
Својот прв чекор кон еманципација на сопствената личност жените го изразиле преку организирањето и раководењето на женските револуционерни друштва и организации и со нивното директно инволвирање во организацијата каде се грижеле за снабдување со храна и облека на револуционерните чети, обезбедување на засолништа, пренос на шифрирани писма и оружје,но и вршење на агитација заради ширење на идејата за општо оружено востание. Главната улога во создавањето на друштвата и воопшто во револуционерната дејност им припаѓа на македонските учителки. Така во Охрид во 1885 г. било формирано женското друштво „Успение Богородично“ познато уште и како „Неделно училиште“. Легалната дејност на Друштвото била да им помага на сиромашните и еднаш неделно да изведува настава за описменување и просветување на жените во градот. Во есента 1900 година, друштвото добило револуционерно раководство, во чиј состав влегувале учителките: Константина Настева Бојаџиева, Василка Размова, Клио Самарџиева, Атина Шахова. Меѓу членките на Друштвото била и Анастасија Узунова, мајката на Христо Узунов. Следејќи го примерот на својот син, таа набргу по 1893 година ветила верност на МРО, колнејќи се над револверот и камата. Набргу по тоа слични друштва биле формирани и во другите градови низ Македонија како што биле „Женското неделно училиште“ во Струга, женскиот кружок „Светатројка“ во Скопје, „Тајниот револуционерен женски кружок“ во Битола, „Женското револуционерно друштво“ во Дојран, или „Неделното училиште“ во Крушево.
Во повостаничкиот период, учеството на жените во револуционерното движење с намалило, но добило нови форми и содржина. Нова надеж и можност за поактивна работа на политички и на социјален план, предизвикала Младотурската револуција од јули 1908 година. Таа ги поттикнала процесите на демократизација на политичкиот живот во Отоманското Царство и овозможила подемна работничкото и социјалистичкото движење, а нови форми на дејствување изразиле и женските активистки. Особено е карактеристично делувањето на Роса (Варналиева) Плавева која била социјалистка и една од првите борци за правата на жените во Македонија. Во 1907 година во просториите на нејзината шивачка работилница заедно со Накие Бајрам и повеќе турски жени организирала конференција за договор во борбата против зарот и фереџето. Тогаш било основано „Здружението на Турчинки“ кое под влијание на младотурските идеи, во 1908 година одржало собир во куќата на Роса Плавева, каде се планирало на денот на објавувањето на револуцијата, да се изведе јавна демонстрација на жените за отфрлање на зарот и фереџето. Но градските власти, дознале за собирот, а Роса Плавева била уапсена. Нејзината активност се зголемила во периодот непосредно по завршувањето на Првата светска војна. Таа, била еден од основачите на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) формирана во април 1919 година во Скопје, а следната 1920 година ја формирала „Организацијата на жените социјалистки“. Оваа организација се залагала за еднакви плати за мажите и жените, укинување на капиталистичката експлоатација и активно и пасивно избирачко право на жените. Нејзината активност постепено се намалувала во следниот период, за да повторно се вклучи во Втората светска војна, помагајќи ја народно ослободителната борба.
Југословенски период
По Втората светска војна и создавањето на македонската држава во рамките на СФРЈ, се случил радикален прекин со минатото во поглед на женските права.
Највисокиот степен на афирмација на жената во Македонија е изразен преку нејзиното масовно учество во НОБ во (1941 – 1945). Покраинскиот Комитет на КПЈ за Македонија, формиран во септември 1941 година, во својот проглас упатен до македонскиот народ, се залагал за што помасовно вклучување на жената во НОБ каде биле набележани и задачите на жената во услови на вооружено востание. Така во новонастанатите услови жената ја презела обврската за грижа и нега на ранетите и болните борци, за изнаоѓање на илегални засолништа, прибирање на храна и топла облека, одржување на курирски врски меѓу илегалците. Со отпочнување на првите вооружени акции жената активно се вклучува во борбените акции борејќи се рамо до рамо со мажите. Така во 1941 година во Прилеп, успешно била изведена акција за собирање на оружје и воен материјал, како и заземање на затворот и ослободување на политичките затвореници. Во оваа сложена акција претежно учествувале жени: Вера Ацева (секретар на МК на КПЈ за Прилеп), Вера Оровчанец, Лилјана Николоска-Силјаноска, Илка Василеска-Присаѓанка, Мара Клепјанска, Драгица Димеска и др. Во Куманово, искористувајќи го како повод верскиот празник Велигден, на иницијатива на младинката Бота Бурназовска било организирано собирање на храна и ослободување на воените заробеници, сместени во импровизираниот воен логор воедно од кумановските училишта.
Во октомври 1943 година, од страна на КПМ како идеен организатор на НОБ, се настојувало:„Сите жени да се организираат во Антифашистички фронт на Македонија, создавајќи активи и комитети“, односно АФЖ. Така, во декември 1944 година бил формиран Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ), како претходник на неколку денешни феминистички организации во Република Македонија. Во оваа формација биле вклучени сите жени ‘без разлика на политичките уверувања, вера и националност – едноставно сите Македонки – православни и муслимански, Албанки, Влаинки и Турчинки, сите селанки, работнички и интелектуалки – сите што се чесни и родољубиви и сакаат да ѝ помогнат на борбата.
Тоа движење било формирано од доброволци во 1942 година на Првата земска конференција на АФЖ во Босански Петровац (6-8 декември 1942 година), заедно со други Антифашистички фронтови на жените во Југославија и било едно од само четири исто така да стане организирано движење на отпорот.P. Ramet, Sabrina. (1999). Gender Politics in the Western Balkans: Women, Society and Politics in Yugoslavia and the Yugoslav Successor States. Penn State University Press. pp. 75-76. ISBN 978-0-271-01802-7. Google Book Search. Посетено на July 14, 2009. Доминантна цел на АФЖ било да го подобри образованието на жените и зголемување на нивната стапка на писменост, бидејќи мнозинството на неписмени во тоа време биле жени.Trouton, R. (1952). Peasant Renaissance in Yugoslavia, 1900-1950: A Study of the Development of Yugoslav Peasant Society as Affected by Education. Routledge. p. 283. ISBN 0-415-17612-3. Google Book Search. Посетено на July 8, 2008. АФЖ одиграло клучна улога во масовното описменување и вклучувањето на жените во јавниот живот. Преку списанието „Македонка“, првото на македонски јазик, се промовирале идеите за економска еманципација и родова еднаквост.
За првпат во историјата, жените во Македонија добиле право на глас и право да бидат избрани во органите на власта во 1945 година. Ова било поткрепено со Декларацијата за основните права на граѓанинот донесена на Првото заседание на АСНОМ.
Во овој период, женскиот труд масовно излегол од приватните домаќинства во државната економија и индустријата. Државата започнала со изградба на градинки во селата и градовите за да им овозможи на мајките да работат, а жените почнале да се школуваат за професии кои претходно биле недостапни, како воените и полициските академии.
Како посебна општествено-политичка организација, АФЖ дејствувала до 1953 година, кога се преобразила во Сојуз на женските друштва на Македонија. Во 1961 година Сојузот се преименувал во Конференција за општествена активност на жената - КОАЖ, а набрзо потоа во името ја внел и додавката положба, односно Конференција за општествена активност и положба на жената - КОПАЖ.Во 1991 година Организацијата престанала да постои, а за нејзина наследничка се прогласила Организацијата на жените на Македонија (ОЖМ).
Македонија Со осамостојувањето во 1991 година, Македонија ги потврдила сите претходно стекнати права во својот Устав, прогласувајќи ги сите граѓани за еднакви без разлика на полот.Македонија пристапила кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) во 1994 година. Клучни моменти вклучуваат донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2006) и ратификацијата на Истанбулската конвенција (2017) за борба против насилството врз жените.
Пазар на труд Постои јаз во стапката на учество на пазарот на труд од преку 20 процентни поени во корист на мажите.
Според податоци од 2022 година, 63% од вработените во секторот образование се жени, а 66% од вработените во ИКТ секторот се мажи. Просечната плата во секторот ИКТ во декември 2021 година била над 59 илјади денари, а во секторот образование била 28.126 денари, односно двојно пониска. Сепак бројот на жени кои студираат на природни и технички науки, инженерство и математика се зголемил. Во 2012 на овие факултети студирале 12% жени, а во 2019 имало 43% студентки.
Традиционални норми