мини|327x327пкс|Џозеф Мајстер во 1885 година Џозеф Мајстер (21 февруари 1876 – 24 јуни 1940) бил првото лице кое било инокулирано против беснило од страна на Луј Пастер и веројатно првото лице кое било успешно излекувано од инфекцијата, која има стапка на смртност од >99% откако ќе се појават сиптомите.

Историја Во 1885 година, деветгодишниот Мајстер бил каснат од наводно бесно куче. По консултации со Алфред Вулпијан и Жак-Жозеф Гранше и добивање на нивна помош, Луј Пастер се согласил да го вакцинира момчето со ткиво од 'рбет од бесни зајаци, кое успешно го користел за спречување на беснило кај кучињата. Третманот бил успешен и момчето не развило беснило. За Пастер, ова технички претставувало практикување без лиценца бидејќи бил хемичар, а не лиценциран лекар, но тој продолжил по совет на лиценцирани колеги кои се согласиле дека на младиот му е потребен третманот и дека Пастер бил единствениот професионалец достапен тоа да го примени. Сепак, успехот на третманот довел до откажување од какви било формални обвинувања.

Како возрасен, Мајстер работел како домар во Институтот Пастер се до неговата смрт во 1940 година на 64-годишна возраст. На 24 јуни 1940 година, десет дена откако германската армија го окупирала Париз за време на Втората светска војна, Мајстер извршил самоубиство со својот гасен пиштол.

Иако често се повторува, верзијата за неговото самоубиство во која се вели дека тој одлучил да си го одземе животот наместо да дозволи Вермахт да влезе во криптата на Пастер не е одржлива. Наместо тоа, еден современ напис во весник, како и сведочењето на внуката на Мајстер укажуваат дека, плашејќи се за безбедноста на своето семејство, Мајстер ги замолил да си заминат, додека тој останал да го заштити институтот Пастер од германските војници. Тој погрешно верувал дека ова резултирало со нивното заробување од страна на нацистите. Во трагична иронија, неговото семејство се вратило во институтот неколку часа откако Мајстер починал од самоубиство.

Портретирање Мајстер го играл Дики Мур во филмот од 1936 година Приказната за Луј Пастер. Приказната за потенцијално опасната вакцинација на Мајстер против беснило од страна на Пастер била прикажана и во една епизода од ТВ серијата Темни работи: Извртени, но вистинити и драмско-документарната серија на Би-Би-Си од 1974 година Микроби и луѓе.

Наводи

Надворешни врски

Снимка од Мајстеровиот извештај за неговата средба со Пастер

Категорија:Починати во 1940 година Категорија:Родени во 1876 година Категорија:Историја на човековите права