Опсесија () — американски натприроден психолошки филм на ужасите од 2025 г., напишан, режиран и монтиран од Кари Баркер во неговото деби за големото платно. Филмот ја следи приказната за Беар (во улогата Мајкл Џонстон), вработен во музичка продавница што купува натприродна играчка што му ја исполнува желбата неговата пријателка Ники (во улогата Инде Наварет) да се вљуби во него, што води до застрашувачки последици. Во споредните улоги се појавуваат Купер Томлинсон, Меган Лолес и Енди Рихтер.
Баркер, кој ја започнал својата кариера како комичар со скечеви на YouTube, во 2023 г. го поставил својот краток филм на ужасите The Chair (мак. Стол) на својот канал, за кој добил понуда од продуцентот Џејмс Харис да го адаптира во долгометражен филм. Баркер ја искористил приликата да ја претстави својата идеја за Опсесија, делумно вдахната од епизода на Симпсонови. Филмот е реализиран со буџет од 750.000 долари, а снимањето се одвивало во областа на Лос Анџелес во октомври 2024 г.
Опсесија премиерно бил прикажан на 5 септември 2025 г. на Кинофестивалот во Торонто (TIFF). На истиот фестивал, студиото Focus Features ги откупила правата за распределба за 14–15 милиони долари — највисока цена постигната за жанровски филм во историјата на фестивалот — а Џејсон Блам се приклучил како извршен продуцент во рамките на Blumhouse Productions. Филмот бил пуштен во кината во САД на 15 мај 2026 г. и остварил голем критички и трговски успех, заработувајќи 167 милиони долари ширум светот.
Премиерата на филмот во Македонија била на 14 мај 2026 г.
Содржина Еден млад безнадежен романтичар ја ослободува моќта на еден таинствен предмет што исполнува желби за да го освои срцето на девојката во која е вљубен. Го добива точно она што го барал и наскоро открива дека некои желби доаѓаат со мрачна и злокобна цена.
Улоги
| Мајкл Џонстон || Барон „Беар“ Бејли |- | Инде Наварет || Ники Фриман
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови