мини|Тереза Рајт и Џозеф Котен во трејлерот за „Сенката на сомнежот“ „Сенка на сомнеж“ (англиски: Shadow of a Doubt) – филм на режисерот Алфред Хичкок од 1943 година. Главните улоги ги играат: Тереза Рајт, Џозеф Котен и Макдоналд Кери.
Синопсис На Шарлот Њутон ѝ е здодевен мирниот живот со родителите и со помладата сестра во мирното место Санта Роза, Калифорнија. Таа посакува да ѝ се случи нешто возбудливо и поради тоа се радува на посетата на вујкото Чарли Оукли, голем светски патник. Тој за кратко време го привлекува вниманието врз себе и ги освојува симпатиите на директорот на банката во која работи татко ѝ на Шарлот. Меѓутоа, таа го забележува чудното однесување на Чарли, кој сечи исечоци од весниците за злосторникот кој се жени со богати вдовици а потоа ги убива. Кога се појавуваат двајца непознати луѓе, распрашувајќи се за Чарли, таа почнува да се сомнева во него и помислува на најлошото...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1943 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Калифорнија Категорија:Филм ноар Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови на Алфред Хичкок Категорија:Филмови со Тереза Рајт Категорија:Филмови со Џозеф Котен Категорија:Филмови со Мекдоналд Кери