Ески Хисар (, Ески Исар, Κάστρο Μαύρου Βράχου) — тврдина и археолошко наоѓалиште од антиката и средниот век североисточно од гратчето Валовишта, Егејска Македонија.

Име Екси Хисар на турски значи Стара Тврдина. Новото грчко име Κάστρο Μαύρου Βράχου во превод значи Тврдина на Црниот Врв.

Местоположба Тврдината е сместена на впечатлив карпест рид со темни карпи во западниот дел на Шарлија, на 3 км североисточно од градот Валовишта. Има многу вода и поглед на околината од 360°, кој стасува до Алиботуш, Сенгелска Планина и Беласица и голяма част от Серското Поле. Тврдината го контролира преминувањето на Белица (Крушевска Река), која тече под источните падини. Од ридот се спушта топла вода која образува впечатливи водопади што се влеваат во Белица.

Таа е сместена на помалку од 4 км од друга слична градба — Елешничката тврдина и има визуелен контакт со тврдината Хисар кај Валовишта.

Историја Тврдината не се спомнува во историските извори.

Во 2005 г. извршено е теренско испитување, со кое е потврдена пораната претпоставка дека во подножјето на карпата имало важно светилиште на Аполон и Пан, срушено во IV век. Испитани се две природни ниши на влезот на клисурата во кои е откриена забележителна керамика од доцниот неолит. На друго место во една од плитките пештери на карпата е откриен мал груб полукружен ѕид кој ја штити пештерата со обиколка од 10,5 м, висина 1,20 м, а ширина 0,90 м, со значителни траги на горење однатре. Оваа карпа, која нема непосредна врска со тврдината над неа, датира од ранохристијанско време, кога карпата се користела за домување.

Во основата на камено скалиште што води кон античките култни простории се откриени скршени вазни, железни нараквици и многу бакарни монети, повеќе од нив од Марко Аврелиј од II век и Константин Велики од IV век.

Археолошкото проучување од 2005 г. не се занимава со тврдината на врвот на карпата, која е многу понова од срушеното античко светилиште. Во „Археологико Делтио“ од 1988 г. е претставена претпоставката дека тврдината над него е од истиот период како Хисар кај Валовишта — почетокот на XIV век. Ѕидаријата горе-долу има изглед што наведува на тој период.

Така карпата била населена од доцниот неолит до доцната антика и ранохристијанското време. За средновизантискиот период нема податоци, но веројатно продолжило да постои некакво утврдување, кое е обновено во доцновизантискиот период, може и малку по 1330 г. Османлиите завладеале со областа во 1383 г. и затоа во следните десетлетија утврдувањето треба да било напуштено.

Архитектура Тврдината на вирорамнината зафаќа површина од 30 декари. Страните на тврдината се стрмни и стръмни и коси, и затоа не сите се утврдени. Единсвената проодна тоичка до врвот е грлото образувано од соседното пониско било југоисточно од врвот. На ова место има урнатини од ѕид која го следи пресечениот терен и го попречува влезот во тврдината. Ѕидот е изграден од камења со различна големина споени со малтер, а на неколку места има густо наредени тули.

Највисокиот преостанат дел од ѕидот е висок 1,80 м, а дебелината се движи од 1,30 до 1,50 м. Од нејзината десна страна имало 4,20 × 4,5 м и веројатно таму била портата. Малко повисоко има изданок на стената со големина од 1,2 × 5,5 м, кој исто така може да бил кула.

Во внатрешноста на тврдината има плоштатки, каде се гледаат камени купови, темели на градби и распрснати камења со керамика. Ова се остатоците од средновековната населба.

На врвот има извор со постојано ниво низ целата година, дури и во период на голема суша. Во него меѓу многуте камења се најдени два мали дека од антички столбови.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Шарлија Категорија:Валовишта