Гралишта (, Елинопиргос; до 1928 г. Γράλιστα, Гралиста) — село во Кардичко, Тесалија, во општината Музаки на Кардичкиот округ, Грција. Населението брои 129 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во подножјето на Псили Рахи, северен продолжеток на масивот Аграфа, над Тесалиската Низина, на надморска височина од 560 м. Сместено е околу 17 км западно од Кардица и 20 км јужно од Трикала, недалеку од езерото Пластира.

Низ селото тече Гралишка Река (Γραλισιώτης), која го дели на две маала.

Историја

Во Отоманското Царство Во пишаните извори за првпат се споменува (како Γραδίστιο, Градистио) во писмо од 1328 година, откриено од проф. Никос Веис во манастир во Метеора. Првобитно, селото се наоѓало пониско, во месноста Панагија. Но, поради епидемија на чума што избувнала во средината на XVII век, преживеаните жители се преместиле крај селските колиби, каде што го обновиле селото. По Договорот од Тамаси (1525), Гралишта влегла во состав на автономната област Аграфа — планински крај во Средна Грција. Во наредните години особено се развиле сточарството и шнајдерството. Козма Етолски го посетил селото во XVIII век.

За време на Грчката војна за независност (1821–1829), селото значително настрадало. Во 1822 г. Селихтар, паша на Трикалскиот Санџак, водел поход против населението на Аграфа и го уништил селото. Гралишта била опожарена уште двапатиː во 1854 г. поради учеството во Востанието на Караташо Помладиот, и одново во 1878 г. по Грчкото востание во Македонија.

Во Грција Селото е припоено кон Кралството Грција во 1881 г. согласно Цариградскиот договор.

Во 1928 г. селото е преименувано во Елинопиргос (Ελληνόπυργος), во превод „грчка кула“. Името го добило по древна градба (кула) над селото.

Население Година19511961197119811991200120112021Население943881584460371429280129

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Ѓорѓи“ — некогашна манастирска црква, подигната во 1818 г. од монах од Света Гора; Црква „Св. Петка“ — главна селска црква од 1858 г.; и Црква „Св. Димитриј“ — најнова црква, подигната во 1925 г.

Параклиси

„Св. Илија“ — сместен во костеновата шума Ајља; и „Св. Атанасиј“ — мал параклис надвор од селото.

Редовни настани Слави

Петковден (26 јули) — селска и црковна слава.

Наводи

Категорија:Музаки