Атанасиос Панајоту () — грчки зограф и иконописец од Костур.
Животопис Роден е во 1848 г. во градот Костур, Егејска Македонија, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Од рана возраст почнал да се занимава со живопис и заминал за светогорската престолнина Кареја, каде се обучил кај искусни зографи. Долги години творел на Света Гора.
Се вратил во Југозападна Македонија и работел по низа цркви во Костурско и Населичко. Негово дело се царските икони од 1884 г. во „Св. Ѓорѓи“ во Горенци.Β. Στυλιάδη, Μνημεία της Κορησού 3. Ο Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου (1882), ό.π., έτος 2010/21, Ιούλιος, αρ. φύλ. 235, σ.σ. 6-7 Истата година ја живописал црквата „Св. Петка Икономска“ во Костур. Неговата икона „Св. Атанасиј“, датирана 27 април 1896 година, се чува во црквата „Св. Архангели“ во Блазом. Царската икона на Св. Јован Крстител од „Св. Никола“ во Фурка, Коничко е потпишана „хаџи Атанасиос Панајоту“ и е датирана 5 август 1908 г. Во 1930 г. Панајоту изработил забележителни икони за малиот параклис „Св. Архангел Михаил“ во горното маало на Нестрам, Горнени.
Починал во 1938 г.
Галерија
Наводи
Литература
Ζήκος, Θωμάς Ευάγγελος. Ο ναός της Αγίας Παρασκευής Οικονόμου στην Καστοριά και ο ζωγράφος Αθανάσιος Παναγιώτου, 2003. Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης (ΑΠΘ). Σχολή Θεολογική. Τμήμα Θεολογίας Категорија:Грчки зографи Категорија:Грчки иконописци