Свети Архангели Михаил и Гаврил () — црква во селото Блазом, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.

Првата црква во Блазом е подигната околу 1650 година, судејќи по најстариот црковен ракопис — минеј од 1645 г. Според натпис над влезот, старата црква била срушена во 1895 г. и на нејзино место бил подигнат нов храм. Проектот бил финансиран од месното население и иселениците во Цариград. Помеѓу 1957–1966 г. црквата е обновена со средства на иселеници во Америка. Иконите од старата црква биле пренесени во новата. Царската икона „Христос Велик Архијереј“ е од 1765 година, „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Никола“ — од 1838 година, втората икона на Св. Ѓорѓи — од 1868 година, а „Живоносен Извор“ — од 1912 г. Иконите на новата црква се од 1896 г. Жртвеникот е живописан во 1914 г. Иконата „Св. Атанасиј“ е дело на истакнатиот зограф Атанасиос Панајоту од Костур, датирана 27 април 1896 г.

Поврзано

Шишанско-сачишка епархија

Наводи

Архангели, Блазом Архангели, Блазом Категорија:Појавено во 1895 година