Многуцветно лутиче () — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е од Европа до рускиот Далечен Исток и Иран, а расте и во Македонија по суви и не многу валажни ливади и пасишта, и покрај грмушки на надморска височина до 1400 метри. Широкораспространето е низ Македонија, и се среќава во сите котлини и пониски делови на планините.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 120-121, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение со кус ризом. Корењата се тенки и собрани во снопче. Стеблото е високо до 100 см, во горниот дел разгрането. Лисните дршки се долги и со расперени влакна. Цветните дршки се надолжни бразди, соцветието со голем број цветови.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа