мини|Структура на капсаицинот. мини|„Пиперка дух“, по потекло од Индија. Сковилова скала — мерна скала за „јачина“ (интензитет на лутината) на пиперките, измислен во 1912 година од фармакологот Вилбур Сковил како дел од неговата работа во претпријатие во Детроит. Оваа скала се користи и за мерење на лутината на црниот пипер и хемиските супстанции што имаат ефект споредлив со оној на пиперките.

Капсаицинот е една од многуте молекули одговорни за лутоста на пиперките.

Дефиниција За да ја утврди својата класификација, Вилбур Сковил подготвил раствор од пасирани цели свежи пиперки измешани со зашеќерена вода. Овој раствор обично го тестирале пет лица, и сè додека траело чувството на печење од пиперката, тој го зголемувал разредувањето. Кога чувството на печење ќе исчезнело, вредноста на разредувањето служела како мерка за лутината на пиперката.

На пример, блага пиперка, која не содржи капсаицин, имала оценка нула, што значи дека немало забележливо чувство на печење дури и без разредување. Спротивно на тоа, за најлутите пиперки, оценка од 300.000 значела дека нивниот екстракт морал да се разреди 300.000 пати пред капсаицинот да стане неоткриен.

Опис на лутината со бројки 0 – 10 сковила обична пиперка ~16 просечна граница за чувствување лутост100 – 500 пиперки, феферони2500 – 5000зачин табаско 2500 – 8000 халапењо пиперки 30.000 – 50.000 кајенски пипер 100.000 – 350.000 хабањеро 577.000 Измерено кај сортата ред савина 855.000 Измерено кај сортата индијан-ПЦ1 923.000 Измерено кај сортата дорсет нага 1.000.000 Измерено кај сортата нага јолокиа 2.000.000 Одбранбен спреј 5.300.000 Полициски спреј 15.000.000 - 16.000.000 чист капсаицин (во кристален облик).

Производот содржан во аеросолните лименки со спреј за самоодбрана има вредност помеѓу 2.000.000 и 5.300.000 (полициски спреј). Мерењето на чистиот капсаицин покажува 16.000.000 сковилови единици. MA Cliff and H Heymann (1992) , 8, 201–211. . Со други зборови, 1 милионити дел капсаицин е еквивалентен на 16 сковили.

Предности и недостатоци Сковиловиот тест има предност што непосредно ја тестира перцепцијата на дегустаторите, но е непрецизен поради разликата во чувствителноста, вродена или поврзана со навика, помеѓу различни луѓе.

Течната хроматографија овозможува непосредно мерење на содржината на капсаицин кај пиперките. Таа има предност на апсолутно мерење, но не го зема предвид присуството на други супстанции, од кои некои имаат ефект на засладување на пиперките.. Исто така, не дозволува споредба на „јачина“ од разни хемиски супстанции.

Без оглед на употребениот метод, резултатот може многу да варира од еден плод до друг (за истата сорта пиперка), поради сончевата светлина, наводнувањето или поднебјето.

Наводи

Категорија:Скали Категорија:Категории на Ризницата со месна врска иста како на Википодатоците Категорија:Пипери