Euphorbia aleppica е вид растение од семејството млечки.
Опис Едногодишно растение до 40 цм високо, по површината ситно папилозно, сиво-зелено. Стеблото поединечно или разгрането од основата, со едно или повеќе пазувни зраци.
Листовите во огромен број, густи 10-20 мм долги 0,2-3 мм широки, линејни до линејно-копјести, целокрајни на врвот заострени, по површината густи, ситни папили. Листовите во основата на штитчињата јајцевидно-ромбични, целокрајни или неправилно назабени со долг шилест врв, во основата заокруглени или клинести. Штитот со 3-5 зраци, дихотомно разгранети 5-8 пати.
Обвивата на циатумот ѕвонеста, гола, во горниот дел на внатрешната страна влакнеста, жлездите 4, жолтеникаво-зелени, елиптични, со 2 долги и тенки рокчиња кои се бледожолтеникави.
Кутијката со 3 длабоки бразди и јасно надуени лобуси до 2 мм долга, 2,5 мм широка, гола, а на средината на карпелите со многу ситна зрнеста структура.
Семките јајцевидно-топчести 1,5 мм долги со слабо изразена четриаглеста форма, сиви или кафеави, по површината со густи бели брадавички.
Распространетост во Македонија Euphorbia aleppica во Македонија расте по суви, тревести и каменливи места, пасишта и ниви во потоплите делови.
Позната за клусурата на р. Пчиња - с. Катланово; Велес - с. Новачани; Солен Дол - с. Уланци; Струмица - клисурата на р. Трајкана.
Се посочува за Скопје и Долно Водно; Велес - с. Градско и Штип.
Наводи
Категорија:Флора на Малта Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија