Europhobia agraria е повеќегодишно тревесто растение од родот млечки, од семејството млечки.
Опис Повеќегодишно голо тревесто растение, до 90 цм високо, со долг подземен ризом. Стеблото дебело, поединечно или неколку заедно, вертикално, во самата основа со кафеави лушпести листови. Во горниот дел на стеблото без или најмногу до 3 стерилни гранчиња и со 6-24 пазувни зраци.
Листовите по стеблото густи триаглесто јајцевидни, долгнавести, елиптични до линејно-копјести, на врвот тапо заострени или тапи со основата срцевидни, со тапи ушенца, приседнати, целокрајни. Листовите во основата на штитот слични на стебленцата, но памали од зраците покуси, а листовите во основата на штитчињата триаглесто срцевидни со тап врв.
Штитот со 8-14 зраци, тенки 2,5 пати подолги од листовите во нивната основа, дихотомно разгранети 1-3 пати.
Обвивката на циатумот 4 мм долга, ѕвонеста, по површина гола, на врвот плитко насечена на 5 јазиковидни дела со густи, куси, влакна по работ, а помеѓу нив крупни полумесечести жлезди со 2 куси и дебели рокчиња.
Кутијката околу 2,5-3 мм долга, со 3 длабоки бразди, а површината на карпелите со ситно зрнести брчки.
Столпчињата до 2 мм долги, сиви, мазни.
Семките до 2 мм долги, сиви, мазни.
Екологија и распространетост Euphorbia agraria расте во степи, карпести планински падини и пустелии. Тоа е отровно растение. Распространето е на југ и југоисток во Европа, на Крим и Кавказ.
Распространетост во Македонија Euphorbia agraria расте по тревести места, покрај ниви, лозја и по брдски пасишта до 1500 м надморска височина. Позната само за Прилеп - Козјак.
Литература
Шишкин Б. К., Бобров Е. Г. Род 856 Молочай — Euphorbia L. // Флора СССР = Flora URSS : в 30 т. / начато при рук. и под гл. ред. В. Л. Комарова. — М. ; Л. : Изд-во АН СССР, 1949. — Т. 14 / ред. тома Б. К. Шишкин, Е. Г. Бобров. — С. 432—433. — 790 с. — 4000 экз.
Наводи
Категорија:Отровни растенија Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија