Euphorbia seguieriana е вид скриеносеменица која припаѓа на семејството млечки.
Неговиот опсег е од Европа до Кина и Пакистан.
Опис Повеќегодишно тревесто растение, до 60 цм високо, сиво по целата површина голо, од самата основа на дрвенестиот дел избиваат голем број стебленца. Стебленцата вертикални, со густи листови по целата должина , со многу густи листови кои во долниот дел при цветање отпаѓаат, а по стеблото остануваат лузни. Во горниот дел на стеблото со голем број (до 30) пазувни зраци.
Стеблените листови линејни до долгнавесто-линејни 10-305 мм долги, 2-8 мм широки, меки или широки целокрајни, приседнати, на врвот заокруглени со остро врвче. осилче, горните пошироки од долните.
Листовите во основата на штитот во голем број линејно-копјести, до јајцевидни со шилест завршеток на врвот.
Листовите во основата на штитчињата јајцевидно-ромбични до широко јајцевидни со зашилен продолжеток на врвот, во основата клиновидни.
Штитот со 7-35 зраци, дихотомно разгранети 4 пати, но најчесто 2 пати.
Обвивката на циатумот 1,5-3 мм долга, ѕвонестасо трансферзално јајцевидни жлезди без рокчиња.
Кутијката околу 2-3 мм долга, со плитки бразди помеѓу трите лобуси, со ситно зрнеста површина.
Столпчињата 1/3 сраснати на врвот длабоко насечени на 2 дела.
Семките до 2 мм долги, светлосиви до светлокафеави.
Распространетост во Македонија Euphorbia seguieriana е распространета скоро по целата територија на Македонија до 1000 м надморска височина.
Наводи
Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија