Euphorbia exigua е вид млечка од семејството млечки, која расте во Европа, северна Африка и Блискиот Исток, и инвазивна е низ целиот свет.

Опис Едногодишно голо растение, до 20 цм високо. Стебленцето неразгрането, во терминалниот дел обично без или најмногу со 3 пазувни зраци. Листовите спирално распоредени целокрајни линејни до линејно-долгнавести или линејно-копјести, 5-25 мм долги 1-2 мм широки. Листовите во основата на штитчињата триаглесто-јајцевидно-копјести во основата рамни или плитко срцевидни. Штитот со 3-5 зраци 5-8 пати дихотомно разгранети.

Обвивката на циатумот ѕвонеста гола; жлездите 4 долгнавесто-елиптични, со 2 средно долги рокчиња, понекогаш куси.

Семките јајцевидно-четриаглести, 1,2 мм долги, светвосиви до сивкасто-кафеави, по површината со брадавички и куси неправилни брчки.

Распространетост во Македонија Euphorbia exigua расте по тревести места врз варовнички камењар во потоплите делови. Дојран - пред с. Николич, и Валандово - с. Татарли.лево|мини|Поглед на цвеќиња

Наводи

Категорија:Флора на Малта Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија