Euphorbia nicaeensis е вид на скриеносемено растение од семејството млечки.
Подвидови
Euphorbia nicaeensis subsp. glareosa (Pallas ex Bieb.) AR Sm. Euphorbia nicaeensis подвид nicaeensis
Опис Euphorbia nicaeensis е повеќегодишно тревесто растение, до 80 цм високо, синкаво-зелено, голо или ситно папилозно. Стеблото дебело, вертикално, често црвеникаво, во терминалниот дел без или со поголем број пазувни зраци.
Листовите по стеблото густи кожести, горната страна зелена а долната сини-зелена, до 7 цм долги 5-15 мм широки, копјести, долгнавести или јајцевидно—долгнавести, по работ целокрајни или многу ситно напилени, на врвот тапи но со заострено врвче, додека погорните постепено се стеснуваат и завршуваат со остро врвче.
Листовите во основата на штитот јајцевидно-елиптични до скоро округлести, многу покуси од зраците со шилесто врвче долго 1 мм. Штитот со 5-18 зраци дихотомно 2 пати разгранети .
Обвивката на циатумот 2-3 мм долга, широко-ѕвонеста гола, на внатрешната страна влакнеста. Жлездите трансферзално долгнавести до слабо полумеселести со многу куси рокчиња.
Кутијката околу 3-4,5 мм долга, со длабоки бразди, гола или влакнеста. Столпчињата сраснати во основата на врвот длабоко насечени на 2 дела.
Семките 2-2,5 мм долги, сивкасти.
Распространетост Овој вид може да се најде во јужна и источна Европа, во Турција, на Кавказ и во Алжир.
Распространетост во Македонија Euphorbia nicaeensis расте по суви тревести и каменливи места, покрај патишта и по меѓи, познат за планина Беласица, како и Прилеп - Трескавец, Скопје - Катланово.
Наводи
Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија