мини|Asplenium lepidum Asplenium lepidum е вид папрат.
Опис Ова е ниска папрат, која достигнува височина од 4 до 15 см. Ризомот е кус, слабо разгранет, на врвот со многу темни, речиси црни заострени лушпи. Листовите се долги 5-10 см, нежни, препокриени со жлездести влакна.
Во Македонија Во Македонија е многу ретко растение. Расте под варовничките карпи на планината Галичица кај Зли Дол. Најдено е ова растение и на Кожуф по падините на Чардак.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 59 МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Слезенка Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија