Гребенички Планини (, Гревенитиу Вуна) — мал планински венец во состав на венецот Северен Пинд во Загорско, Епир, Грција.

Опис Оваа група на планини/ридови се протега во источниот дел на Загори, помеѓу реката Варда (600–650 м) на запад до извориштето на Војуша со Војушкото Езеро (1.340 м) на исток, издигајќи се источно над селото Гребеници (1.000 м), чие име го носат. Бидејќи немаат општ назив на картите, а највисокиот врв Кера Ана не ја претставува целата група, името им е дадено индикативно. На север се одвоени од Чука Роша со потокот Сурика и превојот Пенде Алонија (1.320 м), додека на југ се одвоени од планината Демати (Профитис Илијас) со преслапот Петра (1.070 м). Дел се од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (2130004).

Карпите се сочинети од флиш.

До врвот се стасува од превојот Пенде Алонија (1.320 м) за околу час и половина. +ВрвовиИмеГрчкиВисочина (м)МестоположбаКера Ана, КеранаΚερά Άννα, Κεράνα 1.591СИ од ГребенициФламбуроΦλάμπουρο, Φλάμπουρα 1.566И од Гребеници и ТрстеникИтиесΙτιές1.504ТуфаΤούφα1.503И над ГребенициКопроницаΚοπρονίτσα1.500И од ГребенициВлахулиΒλαχούλι1.480И од ТрстеникКремастосΚρεμαστός1.477ЈИ од Гребеници и СИ од ТрстеникМегали РахиΜεγάλη Ράχη1.397СИ од Петра и З од КрушовицаСтавросΣταυρός1.389С од КрушовицаЛапатаΛάπατα1.380ЈИ од ТрстеникПрофитис ИлијасΠροφήτης Ηλίας1.360ВарелаΒαρέλα1.330БелуΜπέλλου1.282СИ од Петра

Наводи

Категорија:Планини во Епир Категорија:Загори Категорија:Пинд