Dryopteris borreri е вид папрат.
Опис Dryopteris borreri е папрат Dryopteris која многу личи на Dryopteris filix-mas. Листовите се перести, лисната дршка многу куса, заедно со оската на листот густо препокриена со ресести лушпи, кои на дршката се светлокафеави, а на лисната оска темнокафеави, сјајни со 30 мм.
Во Македонија Во Македонија расте по влажни хумусни и кисели почви и камењари покрај планински потоци. Ретко растение е, и е познато само за планината Осогово.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 69, МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија