Rosa micrantha, е вид цветно растение од семејството рози. Потекнува од поголемиот дел од Европа, планините Атлас во Африка, регионот Кавказ, Турција, Либан и Сирија, а е воведена и во источна Северна Америка, Аргентина и Нов Зеланд. Грмушката не е лесно достапна во трговијата.
Опис Грмушесто растение до 2 м високо, со лачно искривени гранки. Стеблата и гранките со јаки срповидно искривени или кукести и во основата проширени трња. Листовите со 5-7 ливчиња, елиптични до круглести, јајцевидни 12-20 мм долги, 8-15 мм широки, на врвот круглести или клиновидно стеснети, по работ двојно напилени, и со жлезди по врвот на запчињата. На горната страна потемно зелени, голи или влакнести, понекогаш со ретки жлезди. На долната страна влакнести и понекогаш со ретки жлезди, посветло зелени. Лисната дршка и рахисот со густи расперени влакна и со многубројни жлезди. Прилисниците крилести, на горната страна голи, на долната страна влакнести и со жлезди.
Цветовите до 40-50 мм во пречник, обично поединечни или по 2-3 заедно; цветната дршка 7-20 мм долга, гола, со жлездести четини. Чашкините ливчиња јајцевидни, 12-20 мм долги., кон врвот постепени стеснети и завршуваат со листовидно проширување по работ напилено и со жлезди на грбната страна и по запчињата. Надворешните чашкини ливчиња по работ со 2 - 4 пара сегменти кои се напилени или двојно напилени, со прецветување се свиткуваат надолу. Венечните ливчиња 15 мм долги, розови. Столпчињата голи или со ретки влакна. Дискот широк, конусовиден и со многу тесен отвор. Плодот обично топчест, 10-15 мм, гол или со ретки ѓлездести четини.
Генетика За разлика од некои други видови во сектата Rosa Caninae кои се пентаплоидни со необична мејоза, откриено е дека R. micrantha е хексаплоиден со целосно полово размножување.
Распространетост во Македонија Расте по брдски и планински пасишта, по напуштени ниви и ливади, покрај патишта и шуми до 1,500 м надморска височина. Широко распространето растение на целта територија на Македонија.
Наводи
Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Сирија Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Шведска Категорија:Флора на Велс Категорија:Флора на Тунис Категорија:Флора на Алжир Категорија:Флора на Мароко Категорија:Роза Категорија:Флора на Македонија