Сато Алиов Вејселов (; Велес, 1920 — ноември 1944, Седларево) — македонски партизан од турско потекло, учесник во Народноослободителната борба. Деец на Комунистичката партија на Југославија и подоцна Комунистичката партија на Македонија. Борец од Четиринаесетта македонска ударна бригада.

Животопис Сато Вејселов е роден во 1920 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Произлегува од сиромашно работничко семејство. Неговиот татко Али Вејселов се занимавал со земјоделие. Продавал зеленчук и овошје во градскиот пазар. Сато Вејселов стекнал основно образование во неговиот роден град. Поради нивните сиромашни услови неможел да продолжи со неговото образование. По Априлската војна, Македонија паднала под бугарска фашистичка окупација.

Сато Вејселов бил против режимот, особено кога во 1943 година го уапсиле неговиот помлад брат Риза и го убиле по патот кон Скопје. Во јануари 1944 година Сато бил привремено уапсан и интерниран во Скопскиот затвор. Откако го ослободиле во ноември, Сато се приклучил во Комунистичката партија на Македонија и Четиринаесетта македонска ударна бригада. Дејствувал во скопската околина. Меѓу 14-15 ноември учествувал во борбата кај село Сарај против Балистите. Учествувал во борбата кај Матка. По Ослободувањето на Скопје, учествувал во прогонството на албански фашисти од Тетовско. Во втората половина на ноември 1944 година, Сато бил ликвидиран од Балисти кај село Седларево.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во Седларево Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Македонски Турци Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани