Дониел Мален (роден на 19 јануари 1999 година, во Виринген) — холандски фудбалер, на и на холандската репрезентација.
Биографија Роден во Виринген, во покраината Северна Холандија, Мален е од суринамско потекло по таткова страна. Откако неговите родители се разделиле на млада возраст, тој бил одгледан од неговата мајка и неговите баба и дедо по мајка. Кога имал 7 години, неговата мајка се преомажила, а Мален живеел со својот нов очув и неговите деца. Мален постојано се сеќава на својата баба како на фундаментална фигура во неговиот личен и спортски раст и развој, наведувајќи дека таа го охрабрила да игра фудбал и го научила да шутира кога имал само 3 години. Прекарот „Дон“ го добил од пријателите и семејството, а интересно е тоа што уште од раното детство тој бил пријател со Матајс де Лихт.
Технички карактеристики Брз играч со одлично чувство за гол, тој е главен напаѓач, кој сепак сака да талка низ целиот напаѓачки фронт. Има одличен и прецизен удар од средно растојание, добро користејќи ја својата брзина и динамичност. Понекогаш умее да демонстрира префинета техника, па дури може да постигнува голови и со глава иако не е висок. Инспириран е од францускиот напаѓач Тјери Анри.
Во летото 2019 година, тој бил посочен од УЕФА како еден од 50-те најперспективни млади играчи за сезоната 2019-2020.
Клупска кариера Почетоци и рана кариера thumb|left|Мален (црвен дрес) играјќи за Арсенал Мален ја започнал својата кариера во Ајакс во 2007 година. И покрај големиот отпор од страна на клубот, во 2015 година тој го напуштил Ајакс за да се приклучи на англискиот клуб Арсенал, следејќи го патот на неговите идоли Тјери Анри и Денис Бергкамп.
Во својата прва сезона со „топџиите“, Мален играл за младинските тимови на Арсенал во Премиер лигата 2, ФА младинскиот куп и УЕФА Младинската лига. Тој го покажал својот импресивен талент за време на неговата дебитантска сезона во Арсенал, играјќи 30 натпревари и постигнувајќи 14 гола.
Во текот на сезоната 2016–2017, Мален бил повеќе користен на крилната позиција, додека Еди Нкетија бил главниот напаѓач. Тој бил вклучен во предсезонската турнеја во пресрет на сезоната 2017-2018, на првиот тим на Арсенал, во Австралија и Кина. Тој го имал своето деби за сениорскиот тим на Арсенал во победата од 2-0 над Сиднеј во пријателски натпревар на 13 јули, но бидејќи набрзо потоа ќе го напушти клубот, тој никогаш не настапил за Арсенал во официјален натпревар.
ПСВ Ајндховен Мален бил продаден од Арсенал на ПСВ Ајндховен кон крајот на август 2017 година.
Првично тој бил приклучен на вториот тим, Јонг ПСВ, каде продолжил да игра како крилен напаѓач. Таму тој ги направил својте први чекори во професионалниот фудбал, а на 24 ноември, Мален постигнал гол во победата на Јонг ПСВ со 6-0 над Телстар. Само три дена подоцна, тој повторно постигнал гол во победата со 3-0 над Ос. На 4 декмври, тој постигнал гол и забележал асистенција во поразот на Јонг ПСВ со 2-3 од Фортуна Ситард. Својата серија на голови ја продолжил во ремито 1-1 на гости против Го Ахед Иглс на 12 декември.
Мален бил награден со Бронзен бик за најдобар талент во вториот период на втората холандска лига 2017–2018 на 29 јануари 2018 година. Веднаш потоа, тој го направил своето деби за првиот тим на ПСВ во победата од 4-0 над Зволе во Ередивиси на 3 февруари. Мален ја освоил титулата во Ередивиси со ПСВ, придонесувајќи со 4 настапи, додека во исто време бил најдобар стрелец на Јонг ПСВ за сезоната 2017-2018.
Од следната сезона, тој дефинитивно бил промовиран во првиот тим. На 21 август 2018 година, го имал своето деби во Лигата на шампионите, постигнувајќи го голот за победата од 3-2 против БАТЕ Борисов во преелиминарната рунда. Четири дена подоцна, тој го постигнал победничкиот гол во првенствениот натпревар против Зволе. Користен главно како лево крило од страна на тренерот Марк ван Бомел, во својата прва целосна сезона со ПСВ, тој забележал 42 настапи и постигнал 11 гола во сите натпреварувања. На 14 септември 2019 година, Мален ги постигнал сите пет гола за ПСВ во нивната победа над со 5-0. Во средината на декември 2019 година, тој доживеал сериозна повреда на левото колено, со што предвреме ја завршил во голема мера позитивната сезона со 17 гола и девет асистенции во 25 настапи.
Мален ја имал својата најпродуктивна сезона во ПСВ за време на сезоната 2020-2021, постигнувајќи 19 гола во 32 натпревари, додека неговиот клуб го завршил првенството на второто место. Тој додал уште осум гола во Лига Европа и Купот на Холандија, а исто така забележал и десет асистенции, покажувајќи ги своите квалитети како сестран напаѓач поради кои го привлекол вниманието на неколку европски клубови.
Борусија Дортмунд thumb|right|Мален со Борусија Дортмунд во 2021 На 27 јули 2021 година, Мален го комплетирал својот трансфер вреден околу 30 милиони евра во германскиот клуб од Бундеслигата, Борусија Дортмунд, потпишувајќи петгодишен договор. На 28 септември 2021 година, тој го постигнал својот прв гол со дресот на Борусија, во победата со 1-0 над Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите. Својот прв гол во Бундеслигата го пронашол на 20 ноември 2021, во победата со 2-1 над Штутгарт на Сигнал Идуна Парк. Првата сезона со Борусија Дортмунд ја завршил со 38 настапи и 9 гола во сите натпреварувања. Во сезоната 2022–2023, тој постигнал девет гола во Бундеслигата, завршувајќи како најдобар стрелец на својот клуб заедно со Јулијан Брант и Себастијан Але.
На 20 февруари 2024 година, тој станал првиот холандски фудбалер кој постигнал гол против тим од неговата земја во Лигата на шампионите, по Арјен Робен во 2016 година, откако го стори тоа во ремито 1-1 против неговиот поранешен клуб ПСВ. Во сезоната 2023–2024, тој бил најдобар стрелец на Борусија Дортмунд во Бундеслигата со 13 постигнати гола, што воедно бил и негов личен рекорд по пристигнувањето во Германија. На крајот од споменатата сезона, тој настапил и во финалето на Лигата на шампионите влегувајќи како замена, во поразот на неговиот тим со 2-0 од Реал Мадрид.
Астон Вила thumb|left|200px|Мален (лево) играјќи за Астон Вила во предсезонски натпревар против Сент Луис во 2025 На 13 јануари 2025 година, 25-годишниот Мален потпишал за Астон Вила, екипа од Премиер лигата на Англија, за неоткриена сума, која според некои извори изнесувала околу 21 милион фунти плус бонуси. Своето деби за Вила тој го имал на 26 јануари 2025 година, влегувајќи како замена во 65-тата минута за Леон Бејли во натпреварот против Вест Хем Јунајтед. На 2 април 2025 година, Мален го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во победата со 3-0 на гости против Брајтон енд Хоув Албион. Тој потоа постигнал гол и во следните два првенствени натпревари добиени против Нотингем Форест и Саутхемптон, завршувајќи ја сезоната со 3 гола за Астон Вила во вкупно 17 натпревари (помеѓу првенството и ФА купот).
Своите први голови за сезоната 2025-2026, Мален ги постигнал на 5 окотомври 2025, два пати погодувајќи ја мрежата на Барнли во првенствената победа со 2-1 на Вила Парк. Откако постигнал четири гола и забележал една асистенција во ноември 2025 година, навивачите го избрале за играч на месецот на Астон Вила.
Рома На 16 јануари 2026 година, Мален се преселил во , во Серија А, на позајмица со опција за откуп, поставена на 25 милиони евра. Два дена подоцна, тој го имаl своето деби како стартер во првенствениот натпревар на гостински терен против , постигнувајќи го првиот гол во победата од 2-0. На 9 февруари, тој ги постигнал двата гола, негови први на стадионот Олимпико во Рим, кој на Рома и го отвориле патот кон победата од 2-0 над ; на 15 февруари, тој повторно постигнал два гола во ремито 2-2 на гостувањето кај . На 10 април, тој го постигнал својот прв хет-трик во Серија А, во победата од 3-0 над , со што станал првиот и останал единствен играч кој постигнал хет-трик во Серија А во сезоната 2025-2026. На 10 мај, благодарение на двата гола против Парма во победата од 2-3, тој стигнал до бројката од 13 првенствени голови, станувајќи најплодното по бројот на постигнати голови јануарско засилување во историјата на Серија А, надминувајќи го претходниот рекорд од 12 гола што го држел Марио Балотели во сезоната 2013-2014. Во последното коло од Серија А, тој постигнал уште еден гол за победата со 2-0 над , завршувајќи го првенството со 14 постигнати голови во 18 натпревари и помагајќи му на клубот да обезбеди квалификација во Лигата на шампионите за првпат после седум години. На 25 мај, Рома објавила дека Мален потпишал перманентен договор со важност до 30 јуни 2030 година.
Репрезентативна кариера
Тој ја претставувал Холандија во секоја возрасна група, почнувајќи од репрезентацијата под 15 години до сениорската. Тој бил член на холандската репрезентација под 17 години, која стигнала до полуфиналето на Европското првенство во категоријата одржано во Азербејџан 2016.
Своето деби за сениорската репрезентација на Холандија, Мален го имал на 6 септември 2019 година, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2020 против Германија во Хамбург; тој влегол од клупата во 58-мата минута и го постигнал третиот гол за својата земја во победата од 4-2.
Тој бил во составот на Холандија кој настапил на Европското првенство 2020 и го имал својот прв настап на турнирот во воведниот натпревар од групата против , влегувајќи како замена во завршните минути од натпреварот кој „Орање“ го добиле со 3-2. Во вториот натпревар, тој повторно се појавил од клупата и му асистирал за вториот гол на неговиот соиграч од ПСВ, Дензел Думфрис, во победата на холанѓаните над со која си обезбедиле пласман во нокаут-фазата. Тој бил стартер во последниот натпревар од групата против Македонија и во истиот забележал уште една асистенција, проигрувајќи го Мемфис Депај за првиот гол во победата од 3-0. Тој го задржал своето место во почетниот состав и во натпреварот од осминафиналето против Чешка, каде Холандија била поразена со 2-0 и елиминирана од турнирот.
Мален постигнал три гола во квалификациите за Светското првенство 2022, но бил изоставен од списокот со играчи на Луј ван Гал кои ја претставувале Холандија на првенството во Катар.
Во јуни 2023 година, Мален бил дел од составот на Холандија на завршниот турнир на УЕФА Лигата на нации 2023. Тој го постигнал првиот гол во поразот со 4–2 од Хрватска во полуфиналето, а исто така, бил стартер и во поразот во натпреварот за третото место против Италија, каде што бил заменет на полувремето од Стивен Бергвајн.
На 29 мај 2024 година, Мален бил повикан во составот на Холандија за Европското првенство 2024. Во осминафиналниот натпревар против Романија, тој постигнал два гола во победата од 3-0, обезбедувајќи пласман на неговата земја во четвртфиналето. Холандија стигнала до полуфиналето каде загубила од со 2-1.
На 27 мај 2026, Мален бил избран во составот на Холандија за Светското првенство 2026.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 24 мај 2026.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-јан. 2018 ЕЕ 22 13 - - - - - - - - - 22 13 јан.-јун. 2018 ЕД 0 0 КХ 0 0 - - - - - - 0 0 2018-2019 ЕД 21 1 КХ 2 0 ЛШ 82 настапи во квалификациските кола. 1 СХ 1 0 32 2 2019-2020 ЕД 28 21 КХ 0 0 ЛШ+ЛЕ 2+8 11 гол во квалификациските кола+5 СХ 1 0 39 27 2020-2021 ЕД 32 19 КХ 3 1 ЛШ 10 72 гола во квалификациските кола. - - - 45 27Вкупно ПСВ 81 40 5 1 28 14 2 0 116 56 2021-2022 БЛ 20 3 КГ 2 0 ЛШ+ЛЕ 6+2 3+1 СГ 1 0 31 7 2022-2023 БЛ 33 11 КГ 3 1 ЛШ 6 0 - - - 42 12 2023-2024 БЛ 27 13 КГ 3 1 ЛШ 8 1 - - - 38 15 2024-јан. 2025 БЛ 14 3 КГ 2 0 ЛШ 5 2 - - - 21 5Вкупно Борусија Дортмунд 94 30 10 2 27 7 1 0 132 39 јан.-јун. 2025 ПЛ 14 3 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 ЛШ 0 0 - - - 17 3 2025-јан. 2026 ПЛ 21 4 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 ЛЕ 6 3 - - - 29 7Вкупно Астон Вила 35 7 5 0 6 3 - - 46 10 јан.-јун. 2026 А 18 14 КИ - - ЛЕ 2 1 - - - 20 15 2026-2027 А - - КИ - - ЛШ - - - - - - -Вкупно Рома 18 14 - - 2 1 - - 20 15Вкупно во кариерата 250 104 20 3 63 25 3 0 336 133