Пиринејски здравец () — повеќегодишен вид растение од семејството здравци. Може да се најде покрај патиштата и покрај живи огради.

Опис Општи одлики и стебло Пиринејскиот здравец е повеќегодишно тревесто растение, високо до 70 см, со кус вертикален ризом обвиен со остатоците од прилисниците на базалните листови и остатоците од лисните дршки и со вретеновидно задебелени корења. Од основата на растението се развиваат по неколку стебла. Стеблото е вертикално, со надолжни испакнати ребра, обично повеќекратно виличесто разгрането, со густи, куси, прости и жлездести влакна, како и долги, но поретки прости влакна.

Листови Листовите од двете страни се влакнести, тркалезни до тркалезно-бубреговидни, 1/2–1/3 пересто-насечени на 7 до 9 широки, клиновидни дела, кои се на врвот тапи и обично со 3 или повеќе широки, тапи, запчести делови. Базалните листови и долните стеблени листови се со дршки кои се 2 до 3 пати подолги од широчината на лиската, додека горните листови се со покуси дршки. Стеблените листови се наспрамни. Прилисниците се јајцевидно-копјести, до 1/3 или 1/2 насечени на 2 или 3 копјести дела.

Соцветие и цвет Соцветието е разгрането. Цветовите се по 2 заедно. Цветните дршки и дршката на соцветието се подолги од пазувниот лист и истите се со многу густи куси жлездести влакна по површината. Цветните дршки со развитокот на плодовите се спуштаат надолу. На границата помеѓу цветните дршки и дршката на соцветието присутни се 4 копјести прицветници со полурасперени влакна по работ.

Чашка и венче Чашката е зелена. Чашкините ливчиња се елиптично-копјести до копјести, долги 4 до 5 мм, на врвот со кусо заострено врвче, со речиси нејасни 3 жили, со густи куси полурасперени прости влакна и куси жлездести влакна. Венчето е светловиолетово. Венечните ливчиња се двојно подолги од чашката (7–10 мм долги), обратно-јајцевидни, на врвот длабоко всечени, а во основата по работ се влакнести.

Прашници и плод Прашниците се долги колку чашката. Филаментите на надворешните прашници кон основата се малку проширени и со по неколку влакна по работ во самата основа, а кај внатрешните прашници филаментите се двојно пошироки од надворешните и со влакна по работ речиси до неговата средина. Плодните делови се со густи прилегнати влакна, а клунестиот дел на плодот е со густи куси прости и густи куси жлездести влакна. Семките се сивокафеави, речиси мазни.

Живеалиште По тревести места, камењари, влажни места, рабови на шуми и грмушести места, на надморска височина до 2.200 м.

Распространетост Подрачја на природна распространетост (невоведен) на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Европа Средна Европа Австрија, Белгија, Чехословачка, Германија, Унгарија, Холандија, Полска, Швајцарија. Југозападна Европа Корзика, Франција, Португалија, Шпанија. Југоисточна Европа Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Сицилија, Европска Турција, Југославија. Источна Европа Крим, Украина. Азија Кавказ Северен Кавказ, Ерменија, Грузија Западна Азија Турција, Иран, Либан Африка Северна Африка Алжир, Мароко, Тунис

Македонија Пиринејскиот здравец е познат за планините: Јакупица; Шар Планина; Кораб; Бистра; Дешат – Крчин; Галичица; Пелистер; Кожуф; Огражден; Осогово. Потоа кај Маврово – Маврови Анови и с. Врбен; Кадина Река – под с. Алдинци.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Здравец Категорија:Таксони именувани од Николас Лауренс Бурман