Actaea spicata ― вид цветно растение од родот Actaea, по потекло од Европа до западен Сибир и северен Иран. Често се наоѓа на рабовите на варовнички карпи и во листопадни шуми, а клучни фактори за да се развива се сенката, малата конкуренција и ладниот, заштитен коренски тек.
Опис Actaea spicata е тревесто повеќегодишно растение кое расте до 70 см во височина. Цветовите се бели, со 3-6 пенталоидни чашки. Плодот е црна јајцевидна бобинка.
Стеблото е so 1-3 листа. Листовите се големи, со долги дршки, ливчињата во последниот ред се приседнати.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 96, МАНУ, Скопје, 1985
Во Македонија Во Македонија расте по засенчени места во шумите од 1000-18000 метри надморска височина, и претставува доста често растение. Се среќава речиси на сите планини: Јакупица, Шар Планина, Рудока, Аџина Река, Мавровско, Бистра, Кораб, Дешат, Јабланица, Галичица, Пелистер, Дудица, Осогово, Голак, а се посочува дека ова растение е видено на Беласица и Скопска Црна Гора.
Таксономија мини| Зрели бобинки Actaea spicata првпат ја опишал Карл Линеј во 1753 година. Препознаени се две варијанти:
Actaea spicata var. spicata. Европа, северозападна Азија. Actaea spicata var. acuminata (syn. A. acuminata). Пакистан, Индија и Хималаите, над 2000 метри надморска височина.
Одгледување Actaea spicata се одгледува како украсно растение. Токсичен е при голтање, а исто така е и иритант, па затоа бара внимателно ракување. Се користи како хомеопатски лек за артритис и болки во зглобовите.
Наводи
Надворешни врски
Флора Европа: Actaea spicata Контролна листа за Непал: Actaea spicata var. акумината Растенија за иднината: Actaea spicata Јадливи и лековити растенија на Западот, Грегори Л. Тилфорд,
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија