Коњска Дупка — кратка пештера во Пијанец.
Местоположба Пештерата се наоѓа во непосредна близина на селото Град, на околу 7 км југоисточно од Делчево. Според досегашните сознанија, таа е најисточната пештера во Македонија.„Коњска Дупка “. Природа Пијанец-Малеш.
Опис Коњска Дупка е создадена од варовнички карпи коишто се појавуваат на мала површина покрај селото Град. Долга е 28 м. Влезот на пештерата се наоѓа на стрмни карпи на левата долинска страна на реката В‘чин Дол и до него се пристапува по делумно обезбедена патека. Тој има елиптичен облик со должина од 3,5 м и ширина од 1,6.
Почетниот внатрешен дел исто така е широк и претставува мала пештерска одаја во должина од 12 м и ширина од околу 3-4 м. Во одајата се верува дека во минатото престојувале монаси. На ѕидовите од одајата се среќаваат траги од влага и натечен бакар, а забележителни се и лик на светец во стоечка положба, како и православен христијански крст. Одајата е поврзана со остатокот од пештерата со два тунелски отвори. Десниот тунелски отвор е висок околу 60-80 цм и низ него човек може да се движи само со ползење. Левиот тунелски отвор е вертикален со пречник од околу 80 цм и должина од 8 м, којшто излегува на зарамнет дел околу десетина метри над влезот од пештерата, а низ него човек може да се движи само со помош на посебна алпинистичка опрема. Коњска Дупка е сиромашна со пештерски накит, но пронајдени се археолошки траги од човечко присуство. Во пештерата се среќаваат пештерски инсекти и тробојни ноќници.„Пештера “Коњска дупка” во село Град “. Дестинација Делчево.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пештери во Македонија Категорија:Град (Делчевско)