Извиднички водич за зомби-апокалипса () — американска зомби-комедија од 2015 г., во режија на Кристофер Лендон, а по сценарио на Лендон, Кери Еванс, Ејми Мочизуки и Лона Вилијамс. Главните улоги ги толкуваат Тај Шеридан, Логан Милер, Џои Морган, Сара Думонт и Дејвид Кохнер. Филмот бил пуштен во киноприкажување во САД на 30 октомври 2015 г. од страна на Paramount Pictures. Добил главно одречни одзиви од критичарите, но глумата на Шеридан била пофалена.

Филмот бил прикажан и во Македонија, на телевизија „Телма“ и HBO Max.

Содржина

Домар чисти во лабораторија и го попречува научникот додека прашува за да ги исчисти подовите во неговиот работен простор. Научникот се согласува и се повлекува во ходникот до продажен автомат. Домарот случајно соборува монитор за следење на виталните функции прикачен на човек; во обид да го оживее човекот, тој врши градна компресија, но неговите раце го кинат месото кога човекот се буди и го напаѓа домарот. Минути подоцна, претворениот домар го напаѓа научникот во ходникот.

Тројца средношколци од втора година, Бен, Картер и Оги, се обидуваат да ангажираат нови членови за нивната извидничка група, предводена од нивниот извиднички водач Роџерс. Додека Оги секогаш бил среќен што е извидник, Бен и Картер имаат двоумења бидејќи веќе ја губат волјата и размислуваат да ги напуштат извидниците. Па пат кон кампот, Бен случајно удира елен. Успеваат да добијат помош од сестрата на Картер, Кендал (во која Бен е вљубен) и нејзините пријатели. Се враќаат на местото на несреќата, само за да откријат дека мртвиот елен исчезнал. Пред да заминат, двајцата се поканети на „Тајната забава за матуранти“, а на Картер му ја даваат адресата. Во меѓувреме, додека се обидува да се сретне со момчињата во шумата, Роџерс е нападнат и убиен од еленот и претворениот научник.

Кога земаат алкохол за забавата, ја запознаваат Дениз, келнерка што работи во стриптиз-клуб. Таа и Бен се зближуваат, и Дениз се согласува да им го купи алкохолот. Потоа двајцата се среќаваат со Оги во шумата за да можат да го постават својот камп. Таа вечер, Картер го буди Бен за да можат да одат на забавата. Меѓутоа, Оги ги фаќа и е разочаран од нивниот избор. Бен и Картер возат во градот за да откријат дека исфрлувачот на стриптиз-клубот го нема и се протнуваат внатре. Нападнати се од претворениот исфрлувач и стриптизерката пред да бидат спасени од Дениз. Оги оди во куќата на Роџерс за да го најде, но е нападнат од веќе претворениот Роџерс. Момчето успева да го онеспособи и да побегне од местото на настанот.

Бен, Картер и Дениз одат во полициската станица за да откријат дека градот е евакуиран, пред толпа зомбија да ги брка во притворска ќелија, чија врата се затвора со тресок, заробувајќи ги. Пристигнува Оги и го вклучува авторадиото, мамејќи ги зомбијата надвор, и ја отклучува ќелијата. Бегалците го наоѓаат патот до автопатот, каде што се качени од капларот Ривс од Американската армија. Возат до забавата за да видат дали некој е евакуиран, само за да откријат дека адресата што му била испратена на Картер била лажна.

Напнатоста расте меѓу групата, но Ривс бил каснат пред да ги запознае и се претвора во зомби. Дениз го убива, и обидувајќи се да фати сигнал на неговото радио, слушаат информации за намерата на армијата да го бомбардира градот за да ги збрише зомбијата. Картер се сеќава дека дневникот на Кендал ги содржи информациите за забавата; четворицата го земаат Humvee-то на Ривс и возат до куќата на Картер. Го наоѓаат дневникот, но пристигнуваат уште зомбија и трчаат по нив. Тие бегаат користејќи трамбулина за да стигнат до куќата на сега претворената сосетка г-ѓа Филдер, го земаат нејзиниот автомобил и тргнуваат по патот, сѐ додека не најдат мотор за земјен пат и Дениз го зема за да може да стапи во контакт со војската. Сега оставени сами, Бен, Картер и Оги си прават оружје во продавница за алат и се упатуваат кон забавата.

Зомбијата ја наоѓаат забавата и ги напаѓаат гостите, сѐ додека триото не се појави и ги евакуира преживеаните. Штом ќе им снема стреливо, се заклучуваат во зградата, а зомбијата ги следат на кат. Тие се барикадираат во салата, а Оги открива дека изградил бомба што била скриена во ранецот на Бен. Момчето успева да го запали фитилот токму кога зомбијата пробиваат, и тројцата бегаат низ лизгалиште за отпадоци пред бомбата да избувне, убивајќи ги зомбијата. Дениз и војската пристигнуваат на местото на настанот, помагајќи им на преживеаните. Извидниците го обновуваат своето пријателство, а Бен, со охрабрување од Дениз, започнува врска со Кендал.

Улоги

| Тај Шеридан || Бен Гуди |- | Логан Милер || Картер Грант |- | Џои Морган || Оги Фостер |- | Сара Думонт || Дениз Русо |- | Дејвид Кохнер || извидничкиот водач Роџерс |- | Холстон Сејџ || Кендал Грант |- | Клорис Личман || г-ѓа Филдер |- | Ники Кос || Клои |- | Хајрам А. Мареј || каплар Ривс |- | Лукас Гејџ || Травис

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на Paramount Pictures