Анастасиос Илија Пихеон или Пихион (, понекогаш Πηχεών или Πηχιών) (Охрид, 1836 – Костур, 24 март 1913) — гркомански учител и револуционер од влашка народност, истакнат деец на грчката пропаганда во Македонија, член на Елиномакедонскиот комитет, еден од основачите на Неја Филики Етерија.Весела Трайкова. Опитът за Гръцко въстание в Македония през 1878 година. (В контекста на гръцката политика по националния въпрос през Източната криза 1876—1878 г.)Αναστάσιος Πηχιών

Животопис Роден е во 1836 г. во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Произлегувал од влашко семејство доселено од с. Шипска, Горичко по разрушувањето на Москополе во 1769 г. Според други извори, само неговиот татко бил Влав, а неговата мајка била Македонка.Вестителев, Бележки върху козните и домогванията на елинизма в Македония от най-ново време, София, 1904, стр. 28. Учителот Златко Каратанасов целосно го отфрла неговото влашко потекло, сметајќи го за погрчен Македонец. Се школувал во Битола, во училиштето на Маргарит Димица, на кој му помагал во пишувањето на разни негови студии. По препорака на Димица, во 1856 г. Пихеон заминал за Атина за да го заврши средното образование, а подоцна се запишал на тамошниот Филозофски факултет. Учествувал во речиси сите студентски движења за македонското прашање од грчка страна, како и во антидинастичките демонстрации против владеењето на Отон I ().

Пихеон по професија бил учител и професор по грчки јазик. Од 1863 г. работел како учител во влашката паланка Клисура, каде што предавал грчки јазик и култура, застапувајќи ја грчката пропаганда. Во 1865 г. е назначен за директор на грчкото училиште во Костур. Додека работел таму, Пихеон развил силна образовна активност, вложувајќи напори во основањето нови грчки училишта. Значително придонел и во напредокот на грчкото просветно друштво во Костур (Φιλοεκπαιδευτικός Σύλλογος Καστοριάς), кое било основано во 1872 г. За овој зафат бил потпомогнат од Анастасиос Гудас и Константинос Асопиос — двајцата од с. Грамено, Епир.Поврзани статии — Εγκυκλοπαίδεια Εκδοτικής Αθηνών

Во 1867 година, во соработка со грчките силоги (друштва) во Костур, митрополијата и грчкиот конзулат во Битолa, Анастасиос Пихеон, Николаос Филипидис од Маловиште, Томас Пасхидис од Епир и Јоанис Аргиропулос од Клисура го основале Национален Комитет (Εθνική Επιτροπή), подоцна наречен Неја Филики Етерија. Во текот на 1870-тите години учествувал и во активностите на Здружението за ширење на грчкото писмо заедно со основачот Григориос Пападопулос, Петрос Занос, Георгиос Константинидис, Маргарит Димица и други лица.

Зел учество во Грчкото востание во Македонија (1878) и станал секретар на Привремената влада во Елимија, предводена од Јоанис Говедарос, основана на Црвена Гора. Владата упатила проглас со кој ја повикала Владата во Атина да дејствува за присоединување на Кожанско и Костурско кон Грција, каде немала никакво влијание. По осуда од Пихеон, во 1879 г. Цариградската патријаршија го отповикала костурскиот митрополит Иларион под обвинение дека бил македонофил.

Во март 1887 г. Пихеон бил уапсен од отоманските власти во Костур. При претресот, кај него била пронајдена обилна кореспонденција која се однесувала на неговите врски со поранешниот атински силогос и со грчкиот конзулат во Битола, а била запленета и поголема количина на оружје и муниција пристигната од Волос. Битолскиот валија го ангажирал Апостол Маргарит (водач на романската пропаганда) за преведувач, чиј превод на писмата потврдил дека помеѓу 1882–1887 г. во Македонија дејствувала организација која работела за присоединување кон Грција, со директно учество од грчките конзули и свештенството. Иако властите во Цариград ги обезбедиле сите докази, тие свесно ги задржале и чекале поволен политички момент за да ги искористат против Атина. Откако во почетокот на 1888 г. грчките медиуми ја нападнале отоманската власт поради нејзината наводна поддршка за романската пропаганда, Портата возвратила со објавување на дел од писмата, во кои меѓу другото се повикувало на нереди. Ова предизвикало масовен бран на апсења на грчки учители, лекари и видни граѓани во Битола, Костур, Клисура, Лерин, Невеска и Солун со цел целосно разбивање на заговорничката мрежа. мини|Куќата на Анастасиос Пихеон во маалото Долца, Костур, денес Музеј на македонската борба Откриените писма предизвикале меѓународна криза и довеле до сериозно нарушување во односите меѓу обете земји. Грчкиот премиер Харилаос Трикупис застанал во одбрана на битолскиот конзул Пануријас, тврдејќи дека писмата се фалсификат и се заканил со протерување на турскиот конзул од Лариса, што ги принудило Големите сили итно да интервенираат. Бидејќи отоманските власти немале цврсти докази и навреме не ги испратиле оригиналните писма во Атина, нивната позиција ослабнала, па аферата завршила во мај 1888 г. и претходно притворените дејци поврзани со Пихеон биле ослободени од обвиненијата.

Пихеон најпрвин лежел шест месеци во Битолскиот затвор, но подоцна бил префрлен во тврдината Ако (Птолемаида) во Палестина (денес во Израел), од каде, со помош на грчкиот вицеконзул, успеал да избега во Атина. По две години напори да најде работа, тој бил назначен за професор во богословската школа „Ризарио“, каде што предавал до 1908 г. Со општата амнестија по Младотурската револуција (1908) се вратил во Костур за да ја продолжи својата дејност.

Починал на 24 март 1913 г. во Костур. Во неговата куќа денес е сместен Музејот на македонската борба.

Поврзано

Афера „Пихеон“

Наводи

Литература

Βακαλόπουλος, Κ. Απ. Ο Βόρειος Ελληνισμός κατά την πρώιμη φάση του Μακεδονικού Αγώνα (1878-1894), εκδ. Αντ. Σταμούλη, Θεσσαλονίκη 2004, σ. 212-261.

Категорија:Грчки револуционери Категорија:Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски Власи Категорија:Гркомани