Ranunculus nemorosus (синоним: Ranunculus tuberosus) — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е од Европа, а расте и во Македонија по влажни планински пасишта, тресетишта, покрај шуми и во проретчени шуми Доста ретко растение е во Македонија, познато само за Шар Планина, Бистра, Рудока, Крчин и село Бањиште.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 121, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение со кус вертикален ризом. Корењата се тенки и собрани во сноп. Стеблото е високо 20-60 см, во горниот дел со прилегнати влакна и многу разгрането. Цветните дршки се со надолжни бразди, цветовите 30-40мм во пречник, ливчињата на венчето жолти, цветната влакнеста.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа