Српско лутиче (науч. Ranunculus serbicus) — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae. Негов синоним е Ranunculus orphanidis.
Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по влажни места и покрај планинските потоци, а поретко во низините. Доста често растение.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 123-124, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Многугодишно тревесто растение со долг дебел хоризонтален ризом. Стеблото е високо 30-100 см, со празна внатрешност, во горниот дел силно разгрането. Листовите се големи, свиленесто влакнести. Базалните дршки со долги дршки, тројни, секое ливче со посебна дршка.Цветовите се 25-30 мм во пречник, чашкините ливчиња со прилегнати влакна и со широк ципест раб, расперени, прилепени кон венчето.
Наводи
Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа