Енид Дајана Елизабет Риг (20 јули 1938 – 10 септември 2020) била англиска театарска и филмска глумица. Нејзини најзначајни улоги се: Ема Пил во ТВ серијата „Одмаздниците“ (1965–1968); грофицата Тереза ди Виченцо, сопруга на Џејмс Бонд, во „Тајната служба на нејзиното височество“ (1969); Олена Тајрел во „Игра на тронови“ (2013–2017); и главната улога во „Медеја“ во театарот „Вест Енд“ во 1993 година, а потоа и на Бродвеј една година подоцна.

Риг ја започнала својата кариера во 1957 година во „Кавкаскиот круг со креда“ . Исто така, таа го имала своето деби на Бродвеј во „Абелар и Хелоиз“ во 1971 година. Нејзината улога како Ема Пил во „Одмаздниците“ ја направило секс симбол. За нејзината истоимена улога во „Медеја“, која ја играла во лондонски и њујоршки продукции, ѝ ја донело наградата „Тони“ во 1994 година за најдобра актерка во претстава, а воедно ѝ ја донело и првата од четирите номинации во кариерата за наградата „Лоренс Оливие“ . Риг била номинирана и за наградата Златен глобус за филмот „Болница“ и за наградата Лорел за филмот „Бирото за атентати“ . Вкупно деветкратно била номинирана за наградата Еми, и конечно ја добила за најдобра споредна женска улога во минисерија или ТВ филм во 1997 година за нејзината улога како г-ѓа Денверс во дводелната минисерија „Ребека“ . Таа ја освоила ТВ наградата БАФТА за најдобра актерка во 1990 година за мини-серијата на Би-Би-Си во четири дела „Мајчинска љубов“, а во 2000 година доблаи специјална почесна награда БАФТА.

Риг глумела во многу ТВ серии и филмови, меѓу кои била во улогите на Хелена во „Сон на летната ноќ“ (1968); Лејди Холидеј во „Големиот мапетски хит“ (1981); и Арлена Маршал во „Зло под сонцето “ (1982). Нејзините други телевизиски улоги се во филмовите „Ти, јас и апокалипсата“ (2015), „Детектори“ (2015), епизодата од „Доктор Ху“ „ Кримсон хорор “ (2013) со нејзината ќерка, Рејчел Стирлинг, и била во улогата на г-ѓа Памфри во „Сите суштества големи и мали “ (2020). Нејзината последна улога била во психолошкиот хорор филм на Едгар Рајт од 2021 година „Последната ноќ во Сохо“, завршен непосредно пред нејзината смрт.

Ран живот и образование Енид Дајана Елизабет Риг била родена на 20 јули 1938 година во Донкастер, во Западен Рајдинг на Јоркшир (сега во Јужен Јоркшир ), како ќерка на Луис и Берил Хилда Риг (родена Хеливел). Таа имала брат четири години постар од неа. Нејзиниот татко, исто така роден во Донкастер, бил инженер и се преселил во Индија и таму работел во компанија која ги одржувала железниците. Нејзината мајка се вратила во Англија пред да се породи со Риг. На возраст помеѓу два месеци и осум години, Риг живеела во Биканер, Раџастан, Индија, каде што нејзиниот татко се искачил на позицијата извршен директор во железничката компанија Биканер . Во тие години таа го зборувала хинди како втор јазик .

Подоцна Риг се вратила во Англија каде што учела во интернат, училиште за девојчиња Фулнек, во моравска населба во близина на Пудси . Риг има изјавено дека го мразела интернатот, но верувала дека Јоркшир одиграл поголема улога во обликувањето на нејзиниот карактер отколку Индија. Таа се образувала за глумица на Кралската академија за драмски уметности од 1955 до 1957 година, каде што меѓу нејзините соученици биле Гленда Џексон и Сиан Филипс .

Театарска кариера Кариерата на Риг во театарот била многу голема, и таа имала многу улоги во големата кралската британска театарска организација „Шекспир“ помеѓу 1959 и 1967 година, вклучувајќи ги Гвендолен во „Бекет“ од Жан Ануј, Корделија во „Крал Лир“ и Адријана во „Комедијата на грешките“. Нејзиното професионално деби било како Наташа Абашвили во продукцијата на RADA на „Кавкаскиот круг со креда“ на фестивалот во Јорк во 1957 година.

Таа се вратила на сцената во претставата „Абелар и Хелоиз“ од Роналд Милар во Лондон во 1970 година, а своето деби на Бродвеј го имала со претстава во 1971 година, во која глумела со Кит Мичел . Таа ја добила првата од вкупно трите номинации за наградата Тони за најдобра актерка во оваа претстава . Риг ја добила својата втора номинација во 1975 година, за Селимен во „Мизантропот“ . Била член на Националната театарска трупа во Олд Вик од 1972 до 1975 година и играла главни улоги во премиерните продукции на две претстави на Том Стопард, Дороти Мур во „Скокачи“ (Национален театар, 1972) и Рут Карсон во „Ноќ и ден“ ( Театар Феникс, 1978).

Во 1982 година таа се појавила во мјузиклот „Колет“, базиран на животот на француската писателка, создаден од Том Џонс и Харви Шмит. Во 1987 година таа ја презела главната улога на Филис во Вест Енд продукцијата на мјузиклот „ Фолис“ од Стивен Сондхајм во театарот Шафтсбери, снимен од „Фрст најт рекордс“. Во 1990-тите таа имала триумфи со улоги во театарот Алмеида во Ислингтон, вклучувајќи ја Медеја во 1992 година (која била префрлена во театарот Виндам во 1993 година, а потоа и на Бродвеј во 1994 година, за која улога ја добила наградата Тони за најдобра актерка), Мајка Храброст во Националниот театар во 1995 година и Кој се плаши од Вирџинија Вулф? во театарот Алмеида во 1996 година (кој се префрлил во театарот Алдвих во октомври 1996 година).

Во 2004 година, таа се појавила во улогата на Вајолет Венабл во театарот Лицеум, продукција на Шефилд на претставата „ Одненадеж минатото лето“ од Тенеси Вилијамс, која подоцна била префрлена во театарот Албери . Во 2006 година, таа глумела во театарот „Виндамс“ во лондонскиот Вест Енд во драмата насловена „Чесност“, која имала ограничено, но успешно прикажување. Во 2007 година глумела во улогата на Хума Рохо во продукцијата на „Сè за мојата мајка“ на „Олд Вик “, адаптирана од Семјуел Адамсон и базирана на филмот со исто име во режија на Педро Алмодовар .

Риг исто така ја глумела Рањевскаја во „Вишновата градина“ во Фестивалскиот театар во Чичестер во 2008 година, а подоцна се вратила во истиот театар во 2009 година за да глуми во „Треска од сено“ на Ноел Кауард . Во 2011 година, таа ја играла г-ѓа Хигинс во Пигмалион во театарот Гарик, заедно со Руперт Еверет и Кара Тоинтон. Интересно е што 37 години претходно, во истата претстава, таа ја играла улогата на Елиза Дулитл, тогаш во театарот Албери.

Во февруари 2018 година, се вратила на Бродвеј во улогата на г-ѓа Хигинс во претставата „Мојата убава дама“ . За оваа улога Риг коментирала: „Мислам дека е толку посебно. Кога ми беше понудена г-ѓа Хигинс, помислив дека е толку прекрасна идеја.“ Риг ја добила својата четврта номинација за наградата Тони за оваа улога.

Филмска и телевизиска кариера Од 1965 до 1968 година, Риг глумела во британската телевизиска серија од 1960-тите „Одмаздниците “ (1961–1969) заедно со Патрик Мекни како Џон Стид, играјќи ја тајната агентка Ема Пил во 51 епизода. Таа ја замела Елизабет Шеферд, откако била во оваа улога многу кратко време само две епизоди. Риг се пријавила на аудиција за улогата случајно, без никогаш да ја гледала програмата. Иако со оваа улога имала огромен успех во серијата, не ѝ се допаѓал недостатокот на приватност што го носи славата и не се чувствувала удобно со тоа што била нарекувана за секс симбол . Во интервју за „Гардијан“ во 2019 година, Риг изјавила дека „станувањето секс симбол преку ноќ ја шокирало“. Ниту пак ѝ се допаднал начинот на кој се однесувала со неа продуцентската куќа ABC Weekend TV . За втората сезона побарала зголемување на платата од 150 фунти неделно на 450 фунти; Риг изјавила во 2019 година - „кога нееднаквоста во платите меѓу половите беше многу актуелна во вестите - ниту една жена во индустријата не ме поддржа... Ниту Патрик [Макни, нејзината колешка]... Печатот ме претстави како алчно суштество што сака пари, а сè што сакав беше еднаквост. Толку е депресивно што сè уште зборуваме за родовиот јаз во платите“. Таа не останала во улогата за третате сезона. Патрик Мекни има изјавено дека Риг му кажала дека ги смета Мекни и нејзиниот возач за свои единствени пријатели на снимањето. J. G. Lane, . Retrieved 3 December 2010. десно|мини| Риг со Џорџ Лејзенби како Џејмс Бонд за време на снимањето на филмот „Тајната служба на нејзиното височество “ (1969). На големото платно, таа станаla Бонд девојка во филмот „ Тајната служба на нејзиното височество “ (1969), играјќи ја Трејси Бонд, сопругата на Џејмс Бонд, кој го глумел актерот Џорџ Лејзенби . Риг има изјавено дека ја прифатила улогата со надеж дека ќе стане попозната во Соединетите Американски Држави. Во периодот 1973–74 година, таа глумела во краткотрајниот американски ситком наречен „Дајана“ . Други нејзини филмови од овој период се „Бирото за атентати “ (1969), „Јулиј Цезар“ (1970), „Болницата“ (1971), „Театар на крвта“ (1973), „ Во оваа куќа од Бред (1975), базиран на книгата од Румер Годен, и „Мала ноќна музика“ (1977). Таа се појавила како главниот лик во „Маркизата “ (1980), телевизиска адаптација на драма од Ноел Кауард . Исто така се појавила во продукцијата на филмот „Хеда Габлер„ од Ибзен (1981) на телевизиската продукција Јоркшир како Хеда, а како Лејди Холидеј во филмот „Големиот Мапет Капер“ (исто така 1981). Следната година таа добила признание за нејзината изведба како Арлена Маршал во филмската адаптација на „Злото под сонцето“ од Агата Кристи, разменувајќи остри реплики со старата соперничка на својот лик, која ја глумела Меги Смит .

Таа глумела во улогата на Реган, предавничката втора ќерка на кралот, во продукцијата на „Крал Лир “ (1983) на телевизијата Гранада, во која главната улога ја играла Лоренс Оливие . Во улогата на Лејди Дедлок, таа глумела заедно со Денхолм Елиот во телевизиската верзија на „Темната куќа“ од Дикенс (BBC, 1985). Во 1986 година, таа ја играла улогата на госпоѓица Хардбрум во адаптацијата на „Најлошата вештерка“ на Централната телевизија, каде што глумела заедно со Тим Кари . Следната година, ја играла Злата Кралица, злобната маќеа на Снежана во филмската адаптација на Снежана (1987). Во 1989 година, ја играла Хелена Вези во „Мајчинска љубов “ за Би-Би-Си ; нејзинота улога на опсесивна мајка која е подготвена на сè, дури и убиство, за да ја задржи контролата врз својот син, ѝ ја донесе на Риг наградата БАФТА во 1990 година за најдобра телевизиска актерка. Во 1995 година, глумела во филм базиран на Зоја од Даниел Стил како Евгенија, бабата на главниот лик. Риг ја глуемала и г-ѓа Денверс во „Ребека “ (1997), освојувајќи ја наградата „Еми“, како и аматерската детективка г-ѓа Бредли во „Мистериите на г-ѓа Бредли“ . Во оваа серија на Би-Би-Си, која првпат се емитувала во 2000 година, таа ја играла детективката на Гледис Мичел, ексцентрична старица која работела за Скотланд Јард како патолог. Серијата не била критички успех и не се вратила за втора сезона.

Од 1989 до 2003 година таа била водител на телевизиската серија на PBS , „Мистерија!“. , прикажана во Соединетите Американски Држави од страна на радиодифузерот на PBS WGBH, преземајќи го местото од Винсент Прајс, Mystery! Hosts at pbs.org (Retrieved 1 July 2016) нејзиниот колега во „Театар на крвта“ .

Таа се појавила и во втората сезона од комедијата „ Eкстри“ на Рики Џервејс, заедно со ѕвездата од Хари Потер, Даниел Редклиф, и во филмот од 2006 година „Насликаниот превез“ , во кој играла калуѓерка.

Во 2013 година, таа се појавила во епизода од „Доктор Ху“ во приказна базирана на викторијанската ера „ Кримсон Хорор “, заедно со нејзината ќерка, Рејчел Стирлинг, како и Мет Смит и Џена-Луиз Колман . Епизодата била специјално напишана за неа и нејзината ќерка од Марк Гатис и била емитувана како дел од седмата сезона . Не било прв пат мајката и ќерката да се појават во иста продукција – претходно глумеле во филмот „На почетокот “ на NBC од 2000 година – но ова бил првиот пат кога работела директно со својата ќерка, а исто така и првиот пат во нејзината кариера кога ги искористила своите корени за да пронајде донкастерски, јоркширски акцент.