Ползечко лутиче (науч. Ranunculus repens) е цветно растение од родот лутиче (Ranunculus), по потекло од Европа, Азија и северозападна Африка.

Опис Многугодишно тревесто растение. Стеблото е водико 10-15 см, најчесто полегнато или ползечко. Базалните листови се голи или со ретки влакна. Цветните дршки се надолжно набраздени. Цветовите се 20-30 мм во пречник, чашкините ливчиња се влакнести, расперени и налегнуваат на венчето.лево|мини| Цветови, стебла, пупки и зеленило во пролет|182x182пкс Живеалиште Тоа е многу чест плевел на земјоделско земјиште и градини, и брзо се шири и се спротивставува на отстранувањето со длабоко вкоренета филаментозна коренска топка. Во Ирска е многу честа појава на влажни места, ровови и поплавени подрачја.

Во Македонија се среќава речиси насекаде, од низините па сè до 2000 метри надморска височина, но главно по блатишта, покрај потоци, езера, реки и влажни ливади.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 122, МАНУ, Скопје, 1985

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Африка Категорија:Лутиче Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија