Планинско лутиче (науч. Ranunculus montanus) е вид цветно растение од семејството лутичиња, Ranunculaceae, по потекло од планините на централна и јужно-централна Европа, со можеби некои популации во Република Карелија во Русија. Неговата сорта „Топено злато“ ја доби наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.

Во Македонија растена влажни почви на варовничка подлога, и е ретко растение, познато само за планината Јабланица.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 125, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно растение, со гол ризом. Листовите се голи или со ретки влакна. Базалните листови речиси до основата триделни, страничните делови насечени речиси до средината. Цветовите се поединечни, чашкините ливчиња се со нежни влакна, ливчињата на венчето се 7-20 мм долги.

Наводи

Категорија:Растенија опишани во 1799 година Категорија:Флора на Швајцарија Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Германија Категорија:Флора на Франција Категорија:Флора на Австрија Категорија:Флора на Албанија Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија