Обично лутиче (науч. Ranunculus sardous) е вид на лутиче кое потекнува од Европа и може да се најде во многу други делови од светот, вклучувајќи делови од САД и Австралија, како воведен вид и плевел покрај патиштата и тревниците.
Во Македонија расте по влажни ливади и покрај потоци, и претставува ретко растение. Познато е за Гостиварско, Гевгелиско, Охридско и Скопско.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 129, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Расте во многу видови на нарушени живеалишта, особено во влажни подрачја. Тоа е едногодишна или двегодишна билка која произведува претежно исправено, влакнесто стебло високо до половина метар. Влакнестите листови обично се поделени на три ливчиња кои се поставени на лисни дршки долги неколку сантиметри. Цветот обично има пет жолти ливчиња, секое долго до еден сантиметар и пет ребрести чашкини ливчиња. Плодот е ахен, сместен во сферични гроздови до 35.
Наводи
Надворешни врски
Рачен третман на Џепсон
Категорија:Флора на Малта Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија