Ranunculus demissus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија на високите планини, во депресиите каде снегот се задржува подолго време. Се сречава на Шар Планина, Кораб и Дешат.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 127, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение, високо 5-15 см. Стеблото е во основата со расперени или полурасперени влакна, на врвот со еден цвет. Листовите се голи, со тенки лисни дршки, кои во основата се проширени во ракавец.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа