Ranunculus marginatus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по ливади и други влажни станишта, и претставува многу често растение.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 130, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Едногодишно растение со тенки корења. Стеблото е високо 10-40 см, расгрането, со ретки прилегнати или полурасперени влакна. Листовите се со долги дршки. Цветните дршки се долги, со надолжни бразди. Цветовите се 15-20 мм во пречник и жолти по боја.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа