Ranunculus pedatus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по влажни тревести места и ливади. Многу ретко растение е, се наведува само за Крива Паланка и Кавадаречко.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 133-134, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Многугодишно тревесто растение. Корењата се грутчесто задебелени. Стеблото е вертикално, високо до 30 см, на врвот слабо разгрането, со ретки прилегнати куси влакна или речиси голо. Цветовите се со долги дршки, во пречник изнесуваат 1,2-2 см. Чашкините ливчиња се слабо вланести, прилегнати кон венчето.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа