Пламеноцветно лутиче (науч. Ranunculus flammula) е вид на повеќегодишни тревни растенија од родот Ranunculus (лутиче), кој расте на влажни места низ Бореалното царство. Цвета во јуни/јули. Ranunculus flammula е отровен. Многу е тесно поврзан со Ranunculus reptans, кој се одликува со испружени и потенки стебла, потесни листови и помали цветови.Hagerup, O. 1950. Rain-pollination. I kommission hos E. Munksgaard. Retrieved 26 May 2018.

Покрај другите форми на опрашување, ова растение е прилагодено на опрашување преку дожд.

Опис Многугодишно тревесто растение. Стеблото е високо 20-70 см, празно со прилегнати влакна, со корења по јазлите. Базалните листови се јајцевидни или елиптични, во основата обично одеднаш стеснети, со дршки неколкупати подоги од ламината. Цветните дршки се долги, голи или со ретки прилегнати влакна и со надолжни бразди. Цветот е 7-15 мм во пречник, чашкините ливчиња расперени и прилегнати кон венчето, долги 3-6 мм, жолти, обратно јајцевидни.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 140, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Во Македонија расте по мочуришта со реликтна вегетација и на блатните ливади. Доста ретко растение е, познато за Струмичко, расте по работ на Моноспитовско Блато во заедница со Osmunda regalis. Расте исто така по некогашното Мавровско Поле, и по влажните ливади во околината на Гостивар.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Европа Категорија:Лутиче Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија