Ranunculus fontanus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.
Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија покрај планински потоци и влажни ливади. Претставува ретко растение, познато само за околината на Пехчево.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 141, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Едногодишно растение со стебло 5-20 см високо, нежно, голо, полегнато и со коренчиња на јазлите. Листовите се со куса дршка, елиптични или јајцевидни, на врвот со 3-5 запчиња. Цветовите 5-6 мм во пречник, со долги и голи дршки.
Наводи
Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа