Ranunculus ophioglossifolius е тревесто растение од семејството лутичиња, Ranunculaceae, со мали, светло жолти цветови.

Опис Ова е едногодишно растение, со стебло високо 10-40 см, разгрането, голо или во горниот дел со прилегнати влакна. Цветните дршки понекогаш се набраздени. Цветовите се мали, 6-9 мм во пречник, во голем број.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 137, МАНУ, Скопје, 1985

Распространетост Ranunculus ophioglossifolius се среќава широко во јужна Европа (особено во Сардинија), Северна Африка (вклучувајќи ја и Макаронезија) и западна Азија. Во 1957 година, растението било донесено во Нов Зеланд. На Британските Острови, сега е ограничено на две локации, а во Скандинавија, се наоѓа само на неколку локации на островот Готланд.

Во Македонија расте по блата, влажни ливади и покрај потоци. Познат за Скопско, Скопска Црна Гора, Китка, Јакупица, Бистра, Прилепско, Битолско, Струмичко и Гевгелиско.

Наводи

Надворешни врски

Фонд за диви животни во Глостершир Растението

Категорија:Растенија опишани во 1789 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија