Ranunculus lateriflorus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.

Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија покрај бари, блата и многу влажни почви. Се среќава во Кавадаречко, Битолско и на други места. Се посочува дека е видено во Банско и Колешино.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 141, МАНУ, Скопје, 1985

Опис Едногодишно растение, голо, многу разгрането и високо 5-25 см. Базалните листови елиптични или јајцевидни. Цветовите мали, 2,5-3 мм во пречник.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа