Ornithopus — едногодишен род скриеносемени растенија од фамилијата бобови опишани од Карл Линеј. Вклучува шест видови и еден природен хибрид, домороден на Европа, Макаронезија, источниот Медитеран, северозападна Африка и Иран, како и од јужен Бразил до североисточна Аргентина во Јужна Америка.
Видови Ornithopus × bardiei Ornithopus compressus Ornithopus micranthus Ornithopus perpusillus Ornithopus pinnatus Ornithopus sativus Ornithopus uncinatus Опис Ornithopus сe едногодишни растенија. Листовите непарно-перести; прилисниците мали и линејни. Цветовите собрани во главичести соцветија во пазувите на листовите. Чашката трубеста или цилиндрична, со запци со еднаква должина. Лаѓичката со тап врв. Деветте прашника сраснати меѓусебно, а десеттиот слободен. Мешунката цилиндрична или сплесната, срповидно свиткана, влакнеста, начленета, со мрежеста нерватура по површината.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Loteae Категорија:Флора на Бразил Категорија:Флора на Јужна Америка Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Аргентина Категорија:Флора на Африка Категорија:Флора на Европа