Бел (ориентален) габер (науч. Carpinus orientalis) ― вид габер од семејството брези Betulaceae, подсемејство Coryloideae, по потекло од југоисточна Европа и Западна Азија. Доста е толерантен на суви услови и обично се јавува на топли и суви места на пониски надморски височини во споредба со Carpinus betulus (европскиот, обичен габер). Заедно со Carpinus betulus и Carpinus austrobalcanica, тој е еден од трите габери автохтони во Европа.

Опис Белиот габер е обично мало дрво, ретко над 10 метри високо и често е грмушесто. Сепак, може да порасне и во значително дрво до 20 метри во висина. Во споредба со обичниот габер, се карактеризира со генерално помал раст и помали листови, кои се само 3-5 см во должина. Семето има едноставен прицветник, околу 2 см долг.

Распространетост Овој габер има широка, но нерамномерна распространетост во централниот и источниот Медитеран, Анадолија, Кавказ и Хирканија во Иран. Генерално, неговата распространетост се совпаѓа со југоисточниот дел од оној на обичниот габер, но овој габер продира подлабоко во јужна Италија и Грција. Во Европа, видот е широко распространет во јужната половина на Италија, на јадранскиот брег и на Балканот, главно јужно од Дунав. Во Азија, неговата распространетост станува понерамномерна во крајбрежната Анадолија, но се јавува и низ Кавказ и регионите на Хирканските шуми.

Во Македонија е широко распространет вид во зоната на субмедитеранската вегетација, и се искачува до 1000 метри надморска височина, а на некои места и повисоко.

Галерија

Наводи

Категорија:Таксони опишани од Филип Милер Категорија:Растенија опишани во 1768 година Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Украсни дрва Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Унгарија Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија