Potentilla crantzii е скриеносемено растение од семејството рози. По потекло е од Северна Америка.
Опис Многугодишно ниско тревесто растение со силно разгранет ризом и голем број вегетативни и цветни гранчиња. Ризомот препокриен со обвивка од сè уште нераспаднати, темнокафеави или црни прилисници на листовите. Цветните стебленца во голем број, обично до 20 цм високи, по површината со нежни, тенки, ретки, кафеави, расперени влакна и по некоја жлезда, во горната половина разгранети и со повеќе цветови. Листовите дланковидни, со 5 ливчиња, обратно-јајцевидни, 6-20 мм долги, 6-15 мм широки, во основата клиновидни, со 5-7 тапи запчиња, кај кои средното запче по облик и големина е еднакво со соседните запчиња. Ливчињата од обете страни и по работ со расперени влакна и со жлезди помеѓу нив. Лисната дршка влакнеста и подолга од ламината. Прилисниците кафеави, кожести, со јајцевиден слободен дел, влакнести. Стеблениот лист со значително помали ливчиња, но со големи прилисници. Цветовите 10-20 мм во пречник, во мал број и на долги дршки. Чашкините ливчиња јајцевидно-елиптични и со долги влакна, а ливчи- њата на епикаликсот потесни и помали од чашкините ливчиња. Венечните ливчиња обратно-јајцевидни, златно-жолти, на врвот плитко всечени и честопати во основата со една флека со потемна боја или портокалово-црвена. Столпчињата игличести. Цветната ложа влакнеста. Оревчињата многу слабо набрчкани, скоро мазни.
Распространетост во Македонија Potentilla crantzii на територијата на Македонија расте по варовнички и силикатни карпи и камењари во субалпскиот и алпскиот појас.
Позната за Кораб, Јабланица и Галичица, како и за планината Дешат - Крчин, и тоа како var. baldensis.
Наводи
Категорија:Флора на Канада Категорија:Петопрст Категорија:Флора на Македонија