Juglans regia, познат под разни општи имиња: обичен орев, англиски орев, и персиски орев е вид од родот орев. Потекнува од Евроазија, барем во југозападна и централна Азија и југоисточна Европа, но неговата точна природна област е нејасна поради неговата долга историја на одгледување.
Видот има бројни сорти кои го произведуваат јадливиот орев кој се консумира низ целиот свет и се произведува претежно во Кина. Широко се одгледува низ умерените региони низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние на Евроазија, Австралија и Америка.
Во Македонија е широко распространет вид, се среќава како автохтоно, супспонатно и културно растение. Во природни услови успева во појасот на дабовите шуми до 1000 метри, односно 1200 метри надморска височина, и тоа по станишта засолнети од мраз и суша, независно од подлогата.
Опис Juglans regia е големо листопадно дрво, кое достигнува висина до 30 метри, а стеблото му е до 2 метри во дијаметар, најчесто има кратко стебло и широка круна.
Листовите се непарно перести, ливчињата се долги 6-15 см, а широки 7-9 см. Лисната дршка е долга до 20 см, во основата здебелена. Машките соцветија се развиваат од минатогодишните пазувни пупки, а женските соцветија од 1-5 цвета се појавуваат на врвот на младите гранчиња. Плодот е орев, кој е обвиен со месеста обвивка, која се отвора и се распаѓа.
Распространетост и живеалиште мини| Оревово дрво за кое се тврди дека е најстарото ореово дрво во светот, во близина на Хотан, Синџијанг, Кина, фотографија од 2011 година
Оригинално живеалиште Еден од центрите на потекло и разновидност на овој вид орев е Иран, и друг подалеку североисточно во Централна Азија. Во Централна Азија, генетската разновидност е многу нерамномерна, со најголема разновидност пронајдена околу во Узбекистан, и видливо помала во шумите Арсланбоб во Киргистан (за кои сега се смета дека се од култивирано потекло). Друга домородна популација на глацијални рефугиуми со висока генетска разновидност се наоѓа на јужните рабови на Алпите во североисточна Италија. Сепак, како и со другите стари и широко распространети култивирани растенија, не е лесно да се реконструира оригиналната, распространетост и да се одредат границите на минатите природни ареали. Постојат многу извештаи за фосилни остатоци од полен и ореви од Juglans regia, а заклучоците што ги извлекуваат различни автори се донекаде контрадикторни. Овие наоди сугерираат дека видот Juglans regia веројатно ги преживеал последните глацијации најверојатно јужна Европа, Блискиот Исток, Кина и Хималаите.
Глобална распространетост Најраните докази за ореви во Левант доаѓаат од дрвени остатоци од средното бронзено доба, откриени во северен Израел. Оревот се споменува и еднаш во хебрејската Библија. Во четвртиот век п.н.е., Александар Велики го вовел овој „персиски орев“ (Теофраст 'καρυά ή Περσική) во Македонија од Иран и Централна Азија. Оревот бил раширен во јужна Европа и северна Африка од страна на Римјаните. Во средниот век, ова дрво го пренесувале трговци што патувале по Патот на свилата. Се смета дека во Кина е донесен оревот од Централна Азија пред околу 2000 години, а во некои области е натурализиран. Во Америка е донесен во 17 век, од европски колонисти.
Оревот се одгледува на географска ширина 30° до 50° на северната хемисфера и од 30° до 40° на јужната хемисфера. Неговите висококвалитетни плодови се јадат свежи или цедени поради нивното масло со богат вкус, а бројни сорти се создадени за поголеми јаткасти плодови со потенки лушпи.
Генетска разновидност Juglans regia е многу разновиден генетски и е широко култивиран веројатно дури 2000 години во делови од западна Азија и јужна Европа.
Негов најблизок роднина е Juglans sigillata од западна Кина и крајниот североисточен дел на Индија, а се разликува главно по лисјата со 9-11 ливчиња, и оревите кои се со многу подебела, потврда обвивка.
Наводи
Надворешни врски
Juglans regia - информации, генетски конзервациски единици и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси Флора на Пакистан: Juglans regia
Категорија:Флора на Малта Категорија:Овошни дрва Категорија:Украсни дрва Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни вапсила Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Кина Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Флора на Македонија