Coronilla vaginalis — многугодишен тревест вид од фамилијата бобови опишан од Жан Батист Ламарк. Во Каталогот на живот не се наведени подвидови.

Опис Coronilla vaginalis е повеќегодишно тревесто растение, 10–30 cm високо, голо и разгрането. Стеблото во основата дрвенесто, вертикално. Листовите со куси дршки, со 2–6 пара ливчиња; прилисниците 3–8 мм долги, скоро 2/3 сраснати помеѓу себе, тревести, со широк, ципесто-кожест раб; ливчињата обратно-јајцевидни до кружести, 4–10 мм долги, на врвот заокруглени и со многу мало осилче, синкавозелени, малку месести, со широк ципесто-кожест раб и куси дршки. Соцветијата со 3–10 цветови; дршката на соцветието многу подолга од пазувниот лист, 7–10 mm долга, со куси дршки; цветните дршки долги колку должината на чашката или 1,5 пати подолги од неа. Чашката гола, широко ѕвонеста, околу 2 mm долга, со широко-триаглести и со ситно изразени запчиња. Венчето жолто; барјачето и крилцата со иста должина, додека лаѓичката е покуса за околу 3 mm, спирално искривена и со кус клуновиден врв. Мешунките 20–40 mm долги, прави, висат надолу и јасно начленети; членчињата шестоаголни, а од нив четирите агли се брановидно крилести.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, том I, св. 5, стр. 1365 издавач: МАНУ, Скопје, 2001

Распространетост во Македонија Coronilla vaginalis расте по планински варовнички камењари. Се среќава на планината Галичица.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Бобови