Minuartia setacea е повеќегодишно цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae.
Опис Ова повеќегодишно е високо 10-20 см, со многубројни куси стерилни гранчиња и вертикални цветни гранчиња. Цветните гранчиња се тенки, цели се голи и со куси влакненца. лИстовите се линејно шиловидни, речиси кончести. Цветовите се групирани во цимозни цосветија од три и повеќе цвета. Венечните ливчиња се бели, тесно обратнојајцевидни, малку подолги од чашкините ливчиња.
Подвидови Прифатени се овие подвидови:
M. s. bannatica M. s. olympica M. s. setacea
Во Македонија Во Македонија расте по варовнички карпи, камењари, каменливи почви, од низините до 2000 метри надморска височина.
Галерија
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија Категорија:Флора на Македонија