Штитеста весларка (науч. Holosteum umbellatum) е вид цветно растение од семејството каранфили. Потекнува од Европа, но е воведено и во Северна Америка.

Во Македонија расте по суви тревести и песокливи места, покрај грмушки, по насипи, пасишта, селски пасишта, каменливи почви, камењари, ниви и напуштени ниви. Видот е распространет по целата територија на Македонија, од низините до 1300 метри надморска височина.

Опис Ова е едногодишно растение високо 5-25 см, вертикално, сивкаво и со променливо присуство на жледести влакна во долниот и горниот дел, а може да биде и голо. Базалните листови ланцетовидни, со куси дршки и образуваат розета. Цветовите се на број 3 до 10, со тенки и нееднакво долги дршки групирани во прост штит, цветните дршки кај младите плодови се спуштени надолу. Венечните ливчиња се бели или розеви.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Каранфили Категорија:Флора на Македонија