Cerastium pumilum — едногодишно растение од семејството каранфили.

Опис Ова е едногодишно растение високо 8-20 см. Стебленцата се вертикални, со густи расперени прости и жлездести влакна, во самата основа силно разгранети. Листовите се густо препокриени со расперени прости влакна, базалните листови обратно јајцевидни до ланцетни, а стеблените од елиптични до ланцетни. Цветовите се групирани во густи дихазиуми, цветните дршки се покуси од чашката, а венечните ливчиња на врвот се всечени, долги околу 2 мм.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 271

Во Македонија Во Македонија расте по тревести места, брдски пасишта, покрај патишта, на надморска височина до 1200 метри. Видот е познат за Водно, Велес, Овче Поле, Кочани, Валандово, Нов ДОјран, Гевгелија, Беласица и Кожуф.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа