Cerastium gracile — едногодишно растение од семејството каранфили.
Опис Ова е едногодишно растение, високо 10-20 см, и обично неразгрането. Стебленцето е вертикално, во долниот дел со расперени повеќеклеточни и на врвот зашилени влакна, а во горниот дел се појавуваат и жлездести влакна. Листовите се 3-12 мм долги, густо влакнести. Цветовите се групирани во дихазиуми. Чашкините ливчиња се долги 2,5-7 мм, долги, јајцевидно ланцетни, на врвот заострени. Венечните ливчиња се бели, обично покуси од чашкините ливчиња, на врвот всечени.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 271
Во Македонија Во Македонија расте по тревести места, брдски пасишта, напуштени ниви, на силикатна и серпетинска подлога, до 1400 метри. Ова е многу распространето растение низ Македонија.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа